Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Премиерот во Охрид

Post Views: 5 Денес во Охрид и Дебрца најавена е посета на премиерот Никола Груевски.Премиерот ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во селото Ботун, а ќе биде дел и од поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Груевски ќе го посети и селото Требеништа каде што ќе присуствува нa свеченото пуштање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала.Исто така Груевски заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, свечено ќе го пуштат во употреба кружниот тек на Булевар Туристичка и...

Продолжи со читање

Денови на медот во Oхрид

Post Views: 6 Во организација на пчеларското Здружение „Охрид“ од Охрид, а поддржано од градоначалникот нa општина Охрид Никола Бакрачески, од 7 до 9 август на плоштадот „Чинар“ ќе се одржи манифестацијата „Фестивал на медот“.Посетителите ќе имаат уникатна можност повеќе да се запознаат со медот и неговите производи, а ќе имаат и можност да вкусат дел од разноврсните производи. Отворањето на фестивалот е на 7 август со почеток во 18 часот. Промоцијата и дегустацијата на производите ќе продолжи и на 8 и 9 август.  

Продолжи со читање

Во сабота прекин на сообраќајот на патот Охрид-Скопје-Охрид

Post Views: 8 Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека во сабота на 8-ми август 2015 година поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани ќе има прекин на сообраќајот.Според најавите, прекинот ќе биде во периодот од 14 до 16 часот.  

Продолжи со читање

Општина Охрид со реакција на обвинувањата на А.Д. „Галеб“

Post Views: 11 Општина Охрид  реагираше на обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид Димитар Василески, изнесени на прес конференција, а во врска со спроведената постапка за доделување линии за општински јавен превоз. Во реакцијата стои:Во врска со изнесените обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“  – Охрид, г-дин Димитар Василески сметаме дека е потребно да дадеме одредено појаснување. Имено бидејќи во изјавата го цитира Законот за превоз во патниот сообраќај во измените на Законот за превоз „Сл. Весник бр: 44 од 19.03.2015 год.“ стои:Член...

Продолжи со читање

„Бука“ во три угостителски објекти во Охрид, поголема од дозволената

Post Views: 10 Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид изминативе денови ги изврши самостојно но и во содејство со надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди.Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички...

Продолжи со читање

Свечено доделување на дипломите на охридските гимназијалци

Post Views: 9 Во чест на генерацијата матуранти 2014/15  Ве покануваме  да Денес во училишниот двор при ОСУ  „Св. Климент Охридски“ Охрид  ќе се одржи свеченото доделување на дипломите на матурантите од охридската гимназија.На церемонијата свое обраќање ќе има Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески како и директорот на гимназијата. Интересен дел од програмата ќе биде и видео презентацијата на класовите.  

Продолжи со читање

30 дена притвор за прилепчанец и скопјанец

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена.Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети “Екстази “,опојна дрога “Амфетамин“ и “Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица- туристи а посебно на лица...

Продолжи со читање

Улиците „Илинденска“ и „Климент Охридски“ неколку часа без вода

Post Views: 9 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, вторник, поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Илинденска“  и дел од „Климент Охридски“. Прекинот ќе биде до 13.00 часот.Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.  

Продолжи со читање