Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 7 Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на барање кое е објавено на општинската страна или може да...
Гостиварчанец „оперирал“ по охридските станови и куќи
Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторени 18 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20- годишно лице од Гостивар. Пријавениот, тешките кражби ги извршил во текот на овој месец во повеќе куќи, станови и деловни објекти во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од 299.000 денари.– Лицето користејќи подесен алат и физичка сила, насилно влегувал во куќите и деловните објекти. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, парфеми и други...
Охрид во портокалова фаза
Post Views: 5 Според синоптичарите вчерашниот ден беше најтоплиот оваа година со температури на места и над 42 степени Целзиусови.И денес не очекува сончево и многу топло време, попладне со умерена облачност, во вечерните часови со локален дожд, грмежи и засилен ветер во југоисточните краишта. Максималната дневна температура ќе се движи впо интервал од 32 степени на повисоките места до 42 степени на југ од земјата.Охридскиот регион денес е веќе во таканаречена портокалова, алертна фаза. Ќе преовладува суво, сончево и многу топло време. Максималната дневна температура ќе...
Спелеолошки камп на Галичица
Post Views: 5 Екипата на „Bottom Time“ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица кој ќе се одржува во периодот меѓу 4 и 9 август.Кампот ќе има главно истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица.Активностите ќе се одвиваат претежно на западната падина на планината, како и на платото на Галичица. Базниот камп ќе биде на брегот на Охридското езеро, во околината на кампот...
„Алтернативно Лето Охрид”
Post Views: 6 Со цел поттикнување и афирмација на урбаната култура, на 31.07.2015 година (петок) на Скејт паркот во Охрид, Центарот за интегриран развој – Охрид (ЦИРО) во соработка со Општина Охрид, за прв пат ќе организира целодневен музички настан надополнет со национален Скејт и BMX натпревар под името “Алтернативно Лето Охрид” (АЛО).Забавата започнува од 16:00 часот со реге музика. Од 18 – 21 часот ќе се одвива скејт и BMX натпревар каде ќе се натпреваруваат учесници од целата држава. Натпреварот е организиран во соработка со Скејтборд Асоцијација на Македонија (С.А.М.)....
Требеништа денес без вода
Post Views: 6 Во текот на денешниот ден, среда, во периодот од 10 до 13 ч., ќе има прекин со водоснабдувањето во село Требеништа, информираат од општина Дебарца.Причина за прекинот е интервенција на водоводниот систем, објаснуваат од општината.
На „Коста Абраш“ повторно се вози ноќе
Post Views: 7 Не се почитува одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро улицата „Коста Абраш“ да биде затворена за секаков вид на сообрќаj.И покрај ваквата одлука, некои од гостите, а богами и некои охриѓани, без проблем викендов ги забиколуваат метални бариери кои се поставуваат во попладневните часови. Во периодот кога е направена фотографијата, на оваа локација која долго време е сообраќајен проблем не беше забележано присуство на полицијата.Угостителските објекти на овој потег пак, ја почитуваат...
Коалиција „СЕГА“ е организацијата која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид
Post Views: 8 По завршување на распишаниот оглас за избор на младинска која ќе раководи со Младинскиот центар Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, донесе решение со кое Коалицијата „СЕГА“ се избира за организација која ќе раководи со центарот.Со избраната младинска организација ќе биде склучен договор во кој детално ќе бидат наведени нејзините обврски како и обврските на Општина Охрид. Дополнително со договорот ќе биде предвидена и годишната програма за работа на Младинскиот центар за 2022 година.