Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 3 Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите заради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица “Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетат на паркот со точна релација. Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење...
Превенирај го хепатитот – од тебе зависи
Post Views: 4 Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го Утре се одбележува 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис. Оваа година, под мотото ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!, предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга. и тоа:1. вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и...
Увид на приговорите од државната матура
Post Views: 7 Денес во Државниот испитен центар ќе се реализира генерален Увид на сите пристигнати приговори од полагањето на државната матура.Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на 14-ти овој месец. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страната за државната матура www.matura.gov.mk.– Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Вкупно беа доставени 505 приговори и истите беа разгледани и решени од...
Збогатен книжниот фонд на градската библиотека
Post Views: 10 „Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека.Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.
Света литургија по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“
Post Views: 8 Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат своите православни верници дека на 26 јули недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“.Литургијата ќе започне во 8.30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Ограничено движење во шумите од денес
Post Views: 4 Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во шумите можат да се движат само лица кои имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17 до 7 часот дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност...
Два концерти на Иво Погорелиќ на Охридско Лето
Post Views: 8 Поради големиот интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец ќе настапи во црквата Света Софија, Охридско лето направи напор да обезбеди уште еден дополнителен концерт на 26.07.2015 ( недела). Со ваквиот сериозен, одговорен и професионален пристап, во интерес на нашата верна публика, ќе овозможиме сите заинтересирани да можат да бидат дел од овој настан.Голем е бројот на гости од странство кои специјално најавија дека ќе дојдат во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации има од Србија, Хрватска, Грција, Чешка,...
Бремените жени, хронично болните и старите лица ослободени од работа
Post Views: 7 Владата на Република Македонија, на предлог од Министерството за здравство, донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од денеска (среда, 22 јули) до вторник (28 јули). Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е...