Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

На сила е времен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Post Views: 5 Од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Временските интервали во викендите се: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00...

Продолжи со читање

Лето без пожари

Post Views: 5 „Лето без пожари“ е мотото под кое СВР Охрид отпочнува со реализација на низа зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР Охрид, најнапред ќе отпочне со серија средби со граѓаните на целото подрачје. Полициски службеници од отсекот за превенција ќе имаат работни средби со претставници од сите месни заедници во општината Дебарца на теми од превентивното делување за заштита од пожари на отворен простор, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на...

Продолжи со читање

Влашкамаалци бараат мир

Post Views: 4 Жителите на  „Горна Влашка Маала“ бараат отстранување на два објекти, кои извесен период се собиралишта на наркозависници и претставуваат проблем за безбедноста на месното население. Станува збор за локации во близина на чинарот, од кои едниот се просториите на некогашна „Охридска банка“,  а вториот објект е поранешната лебара и е објект од времен карактер. Повторно овој проблем беше актуелизиран од страна на советникот на ВМРО-НП Јоне Станкоски на вчерашната седница на Советот на општината.„Првиот објект којшто е наречен банка, е проверено со Секторот за...

Продолжи со читање

Ќе го оспори ли СДСМ договорот за изградба на автобуска станица во Охрид?

Post Views: 8 Охридските социјалдемократи детално го анализираат купопродажниот договор на локалната со „Делфина Турс“ за изградба на автобуска станица и ги разгледуваат можностите за оспорување на истиот. Изградбата на современата автобуска станица, повторно жешка тема. Советниците на СДСМ од Охрид имаат намера да го оспорат купопродажниот договор потпишан помеѓу локалната и „Делфина Турс“. Советничката Жаклина Лазареска побара одговор од локалната одговор за тоа кој е трајниот бенефит и што останува во трајна сопственост на градот Охрид и кога ќе биде завршена автобуската...

Продолжи со читање

Семафорите од „Туристичка“ се селат на „Железничка“

Post Views: 8 Голем број сообраќајни незгоди е билансот од сообраќајниот проблем наречен „Железничка“. Иако веќе две години како се планираше изградбата на кружни текови и поставување на светлосна сигнализација на трите раскрсници, тоа сеуште не се случи.  Томе Змејкоски од Одделението за комунален развој и сообраќај при локалната, потврди дека се издвоени средства  наменети за изградба на кружни текови и поставување на светлосна сигнализација, но дека до сега не се реализирани поради технички проблеми. Светлосната сигнализација пак, ќе биде поставена.„На улица „Железничка“...

Продолжи со читање

„ОДВ“ и „Костал“ најавени како спас на охридската економија

Post Views: 6 Отпочнувањето со работа на „ODV-ELEKTRIK“ во индустриската зона „Охрид-Струга“ и Автомибилскиот гигант „Костал“ во еден од погоните на „ЕМО“се очекува да бидат спас на локалната економија во нашиов град.  Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека наскоро треба да започнат градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони на „ODV-ELEKTRIK“, каде веќе се вработени 75 лица.„Во овој момент тече постапка за ангажирање на уште десеттина лица, а на 24-ти јули според најавите на менаџментот на „ODV-ELEKTRIK“ ќе започнат градежните...

Продолжи со читање

Сончоглед за туризам на село

Post Views: 9 Ознака „сончоглед“ ќе добијат сите регистрирани селски домаќинства од руралните средини кои нудат услуги на подготувување храна и услуги на сместување за туристите. Странските туристи нашата земја ја доживуваат како егзотична дестинација која нуди природни убавини, традиција и културно-историско наследство во комбинација со вкусна традиционална кујна и топлото гостопримство. Ова го препознаваат голем број туристички работници кои се повеќе нудат пакети со еко и планински туризам, вински, рурален туризам. Селските домаќинства во руралните средини од крајот на...

Продолжи со читање

Прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Post Views: 10 Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека поради изведување работи на пат, минирање, денес, ќе има прекин во сообраќајот на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита.Прекинот ќе биде во периодот од 16 до 17 часот, во траење од 15 до 20 минути.  

Продолжи со читање