Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

ucesnici

Прва годишнина на прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО

Post Views: 17 На 11. Јуни се одбележува една година од прогласувањето на регионот Охрид Преспа за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО. Оваа одлука на 11 Јуни 2014 година беше едногласно донесена на состанокот на Советот на МАБ Комитетот на УНЕСКО одржан во Јончепинг, Шведска.Номинациониот акт беше работен во текот на претходните 2 години во кој беа инволвирани домашни и меѓународни експерти , со поддршка на централната власти и на локалните самоуправи во регионот и од македонска и од албанскастрана. Номинацијата беше испратена во УНЕСКО преку Билатералниот секретаријат...

Продолжи со читање

ohrid

Локалната од Охрид организира „Ден на идеи“

Post Views: 14 Локалната самоуправа, на 12 јуни 2015 година (петок) на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во времето од 10 до 18 часот организира ДЕН НА ИДЕИ.Овој настан е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, а целта е да се оствари поблиска соработка со граѓаните.Граѓаните ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за подобра сегашност и иднина на Охрид пред претставниците на секторите и одделенијата на администрацијата на Локалната самоуправа.  

Продолжи со читање

osomnicen

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во Охрид

Post Views: 21 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден ја реализираше ектрадицијата на Б.П.(31) од Охрид осомничен за двојно убиство сторено на 21.08.2014 година. Истиот беше преземен од албанските власти на граничниот премин “Ќафасан” од каде што беше спроведен во Истражниот затвор Скопје. Инаку по лицето Б.П. имаше распишано меѓународна потерница и истиот беше лишен од слобода на 12.02.2015 година во Албанија каде се до неговото спроведување во Р. Македонија бил во екстрадиционен притвор. Истиот се бараше бидејќи на 21.08.2014 година околу 23,00 часот во...

Продолжи со читање

kej

Ќе се реконструира кејот во Охрид

Post Views: 13 Познатото градско шеталиште ќе има автентичен лик и ќе се вклопува во изгледот на Охрид. Откако општинската комисија ги  отфрли понудите идејни решенија на надворешни архитекти затоа што тие беа мегаломански со масивни  платформи во вода, идејниот проект за реконструкција  на кејот го изработуваат општинските стручни служби .    – При изработката на проектот посебно се внимава да не се нарушува природниот еко систем на Охридското Езеро. Со охридскиот кеј не смее да се експериментира и истиот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите. Во...

Продолжи со читање

znak

Повторно прекин на сообраќајот кај Пресека-Врбјани

Post Views: 16 Од АМСМ информираат дека денес, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани,поради изведување на градежни работи- минирање ќе има двочасовен прекин на сообраќајот.  Од Автомото сојузот објаснуваат дека прекинот на одвивање на сообраќајот ќе биде во период од 14 до 16 часот.  

Продолжи со читање

kandelabra

Првите канделабри на пешачката патека

Post Views: 16 Пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк, ги доби и првите канделабри.Инаку оваа пешачката патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка, велосипедска, патека а на средината ќе биде холтикултурно уредена. Од локалната велат дека патеката се гради во фази од два аспекти, финансискиот и согледување на искуството од реализација на модерни инфраструктурни зафати кои прв пат се реализираат во општина Охрид.  

Продолжи со читање

svr

Охриѓанец омаловажувал полициски службеници

Post Views: 19 Поради постоење основи на сомнение за сторено дело согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Р.В. (44) од Охрид. На петти овој месец, пријавениот на јавно место извршил нарушување на јавниот ред и мир со вербален напад, омаловажување и навредување на полициски службеници кои во моментот извршувале службени задачи од областа на безбедноста. Настанот се случил во 11 часот и 30 минути на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Распаќе“ во Охрид каде полициските службеници...

Продолжи со читање

prsten

„Инженерски прстен 2015“

Post Views: 19 Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска (05 јуни 2015 година, петок) ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжeнерските дисциплини.Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот на Република Македонија,  д-р Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените...

Продолжи со читање