Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 10 Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните на Општина Охрид дека утре, 6- ти јуни (сабота) се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 3 и 4, населбите „Кошишта“ , „Воска“ и „Даљан“.Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го...
Отворено спортското игралиште во Подмољe
Post Views: 4 На пригодна свеченост и со финален фудбалски натпревар, синоќа во охридското село Подмоље беше ставено во употреба повеќенаменското спортско игралиште за фудбал, кошарка и одбојка. Игралиштето кое се протега на површина од 750 метри квадратни е добро осветлено, оградено и хортикултурно уредено со пристапни патеки и скали кои водат до новите навивачки трибини. Градоначалникот Никола Бакрачески кој вечерва се обрати пред присутните укажа на важноста од спортот и спортувањето а најави и нови маалски и детски игралишта во градов. -Ова повеќенаменско игралиште за...
Кражба на пари од црква во Пештани
Post Views: 9 Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса.Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.
Танцов спектакл во Охрид
Post Views: 4 Балетското студио „Визави“ во недела на 7-ми јуни 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид го организира настанот „Танц со ѕвездички“.Гости на оваа прекрасна танцова забава ќе бидат дечиња од Детската градинка „Јасна Ристеска“, КУД „Гердан“ и „Распеано Рибарче.Настанот ќе започне во 13 часот, а влезниците чинат 50 денари.
Загина велосипедист кај струшко Враништа
Post Views: 3 Од министерството за внатрешни работи, вчера, околу 11 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во селото Враништа случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Пасат“ со охридски регистерски ознаки и велосипед управуван од 79- годишен жител од Враништа.Од незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ за да му се укаже лекарска помош. Околу 17.30 часот истиот им подлегнал на повредите. Од страна на струшката полициска станица и јавен обвинител...
Од јули повисоки цени на цигарите
Post Views: 5 Цигарите од први јули 2015 година ќе се продаваат по три денари поскапо, измените се согласно календарот за зголемување на акцизите, објави „Телма“.Новата, повисока цена во мало продажните места низ Македонија треба да почне да се применува од 1 јули, доколку производителите не решат тие да ја компензираат разликата во цената.Поскапувањето нема да запре тука. Предвидено е во наредните седум години цигарите да поскапуваат за 4 денари по кутија годишно. Ако со новите цени најскапата кутија изнесува 133 денари, за 8 години цената ќе се искачи на 154 денари.
Градоначалникот на Дебрца ги слушна маките на жителите од Горенци
Post Views: 8 На средбата во с.Горенци Градоначалникот Игор Трајкоски ги запозна жителите со проектот за изградба на фекална канализација во с.Горенци. На присутните жители им беше образложена трасата каде ќе поминува канализационата мрежа.Изградбата на фекалната канализација ќе биде во должина од 8 500 метри,а цевките ќе се поставуваат на длабочина од 2 до 4 метри и истата ќе биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација. Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку ИПАРД програмата за што Агенцијата за...
„Бруклин“ на Дамјана Видическа
Post Views: 7 Во среда (3-ти јуни) во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата „Брукли“ на авторката Дамјана Видическа.Оваа книга е третото дело на Видическа. Пред тоа ги има издадено книгите „Мојата фамилија“ објавена во 2009 година и „Седумте желби“ објавена во 2011-та година.Почетокот на промоцијата на најновиот роман е во 13 часот и 30 минути, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.