Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 5 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, првата недела од месецов ја прогласи за „Недела на животната средина “.Во рамки на одбележувањето, во соработка со основните училишта од Охрид, на 4 јуни ( четврток) во периодот од 8 до 17 часот, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија во дворовите на училиштата, каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за...
Од денес поскапо паркирање во Охрид
Post Views: 5 Од денес цената на паркинг во Охрид, е поголема за 10 денари и во првата и во втората зона на централното градско подрачје. Од ЈП „Билјанини извори“ велат дека причина за ова е Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори која беше усвоена на 40-та седница на советот на општина Охрид. Согласно одлуката за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари.Покрај оваа новина од денес ќе има нови цени и за користење...
Денес на ФТУ ќе се доделуваат ваучери за таблети за студентите
Post Views: 3 Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, од денес до 3-ти јуни ќе ги додели вредносните бонови – ваучери за набавување на таблет компјутери.Станува збор за уреди со надворешна тастатура кои се наменети за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.Проектот за доделување на ваучери го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација.
90 часа под вода
Post Views: 3 Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски-Мичо го комплетира подвигот што досега не бил изведен не само во Македонија, туку и во Европа – пренуркување на едно езеро по целиот негов брег. Во рамките на овој проект, реализиран под покровителство на компанијата „Пелистерка“, Секулоски под површината на Охридското езеро мина речиси 90 часа и изнурка должина од 85 километри. – Во период од околу три месеци изведов 88 нуркања од двете страни на езерото – и од македонската и од албанската. Поттикнат од силната желба да придонесам во деталното...
Распоред на литургии за празникот Духовден
Post Views: 6 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31 мај 2015 година (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 1 јуни 2015 година (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „II ден Духовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чинона-чалствува Неговото...
Кривична за стружанец кој „штанцал“ елаборати
Post Views: 29 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Посебни случаи на фалсификување исправи“ и “Затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (43) од Струга.Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „ГЕОПРЕМЕР ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, го упoтребил службениот печат на фирмата и неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени. Пријавениот неовластено го упoтребил службениот печат и во 2014 година, кога во...
Ревија на руски филмови во Охрид
Post Views: 7 За сите љубители на руската кинематографија, денeска и во сабота во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да погледнат ревија на Руски филмови.Според најавите ќе бидат прикажани филмовите „Една војна“, „Ѕвезда“ и „Ние сме од иднината“.Руската ревија на филмови е овозможена од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Министерство за култура, Филмскиот Фонд и Кинотека на Македонија.Почетокот на проекциите е во 17, 19 и 21 часот, а влезот ќе биде слободен.
Продолжува акцијата за подигање кабаст отпад во Охрид
Post Views: 7 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 30.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на...