Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Огромна подршка од охридските клубови на моторциклисти доби Секторот за внатрешни работи Охрид во доследната примена на законската одредба за задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл. На координативниот состанок со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот, беше нагласено дека СВР Охрид во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот треба да манифестира пред се превентивни активности за афирмација на законската обврска за задолжително носење заштитен шлем при...
Утре Пештани неколку часа без вода
Post Views: 13 Утре, 28-ми мај, ќе има прекин во водоснабдувањето село Пештани. Од МЈП „Проаква“, Р.Е Водовод велат дека прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција на водоводната линија. Пештанци нема да имаат вода во периодот од 09:00 до 12:00 часот.Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид
Post Views: 8 Вечерва во катедралната црква Св. Софија, ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.На концертот треба да настапат наградените ученици од националните и меѓународни натпревари, во придружба на училишниот хор и оркестар како и професори од училиштето. Концертот започнува во 20 часот.
Одложена манифестацијата „Ден на идеи“
Post Views: 5 Поради најавеното влошување на временските услови манифестацијата „Ден на идеи“ се одложува, а за новиот термин на одржување, јавноста навреме ќе биде информирана. Целта на манифестацијата е да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани и локалната власт и да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.
Соработка на Македонија и Казахстан во туризмот
Post Views: 9 На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот.На форумот, потпретседателката на здружението Марјана Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид.-Почитувани учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во областа на туризмот, најискрено Ви упатувам...
Садница плус
Post Views: 7 Училиштето доби семе од ела ( Абиес Алба) за секој ученик, плакати за училница, како и упатство за секој наставник. Посаденото семе нашите ученици ќе го чуваат во училниците, за да можат учениците да го следат никнувањето и растењето на елата, а со тоа ќе се разбуди грижата за тоа што ќе го насадат. На есенската акција елките ќе бидат засадени во училишниот двор. Целта е да се постигне дружење, заедништво и полезна социјализација која повторно би ги привлекла младите да се дружат поради некоја повисока заедничка цел. Водечка идеја на овој проект е секој ученик...
За подобра безбедност во сообраќајот
Post Views: 5 На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес ќе се одржи работна средба со претставници на локалната самоуправа, на претшколските и школските образовни центри, на велосипедските и моторциклистичките клубови како и на други институции со ингеренции во сферата на безбедноста во сообраќајот. Целта на оваа работна средба е координација и дефинирање на превентивно-едукативните активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот на ранливите категории-учесници во сообраќајот.Координативниот состанок доаѓа во пресрет на туристичка сезона кога СВР Охрид...
Промоција на програмата на годинешното „Охридско лето“
Post Views: 9 Денес ќе биде промовирана програмата на годинешново јубилејно 55-то издание на Охридско лето и новите простории на Фестивалот. Од менаџментот на фестивалот денес со гордост ќе ја најават богатата музичка и драмска програма како и спектакуларниот настан за свеченото отворање.