Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Вдиши театар

Post Views: 10 Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените...

Продолжи со читање

Комуналец ги уредува зелените површини во приградските населби и градот

Post Views: 5 Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата трае континуирано оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната седмица. Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која попречува во нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше с.Лескоец, денес Горно Лакочереј, во текот на утрешниот ден Горно Лакочереј, во петок Косел, а во сабота Велгошти.Пред престојниот...

Продолжи со читање

Христово вознесение- Спасовден

Post Views: 10 Празникот на Христовото вознесение- Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”. Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос....

Продолжи со читање

Светскиот ден на културната разновидност во УИНТ Охрид

Post Views: 7 Денес во Охрид со почеток во 12.00 часот во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи Програма за одбележување на Светскиот ден на културната разновидност.Во рамките на програмата студентите и професорите од Универзитетот ќе ги претстават културите на своите земји. Програмата вклучува претставување на над 15 земји од Америка, Африка, Азија и Европа преку претставување на национални носии, национални кујни, изведување на традиционални песни и танци, претставување на главните карактеристики на државите и можност...

Продолжи со читање

Градот Охрид виден низ детските очи

Post Views: 7 Завршна презентација на проектот „Градот низ детските очи“, на дечињата од сите охридски градинки. Станува збор за проект на кој се работеше во текот на целата година а во кој беа вклучени сите деца од од детските градинки на возраст од 2-10 години. Посетата на локалната самоуправа и запознавање со нејзиното работење, тајните на охридската кујна, запознавање на културното и историско богатство на Охрид беа само дел проектот, вели директорката Роза Костеска- директор ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.„Денес го презентираат она што го научија во текот на годината бидејќи...

Продолжи со читање

Жители на село Велмеј нападнале полицаец

Post Views: 5 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите од охридското село Велмеј.На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Настанот се случил во 04 часот и 10 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде сообраќајната полиција извршувала...

Продолжи со читање

Ново минирање на патот Кичево-Охрид

Post Views: 6 Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека денес, среда на патниот правец А2, Кичево-Охрид, на делницата Пресека-Врбјани во периодот од 16:00 до 17:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин за секаков вид на возила.Прекинот е поради изведување на градежни работи, односно минирање.Инаку сообраќајот на сите државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на...

Продолжи со читање

Андреа Лекиќ го најави кампот за млади ракометарки во Охрид

Post Views: 7 Трета година по ред, Андреа Лекиќ ќе организира камп за млади ракометарки и ракометари на возраст од 11 до 17 години. После двете вистински летни фантазии во Србија и Врњачка Бања, третата ќе се одржи во Македонија, поточно во Охрид во периодот од 20 до 26 јуни.Уште од првото издание кампот има меѓународен карактер, со оглед на тоа дека во 2013 година имаше учесници од 7 држави, а минатата година таа бројка стигна до 11 држави. Досега за учество на годинешниот камп има пријавено млади ракометари од 9 европски земји.Најдобрата светска ракометарка за 2013 година,...

Продолжи со читање