Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 12 Почнува тридневна едукативна обука за толкување на наследство за одржлив развој на културниот и природниот туризам. Преку работилницата учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини на креативна визуелизација и комуникација од областа на толкувањето на наследството и како да создадат културно-туристички производи кои преку искуството на самите гости ќе придонесат за одржлив развој на нашите локални заедници.Обуката за интерпретација на „Гастрономијата како културен идентитет“ е во организција на ХАЕМУС и ќе се случува помеѓу 09-11.05.2022 во Скопје. Обуката...
Расте бројот на социјално загрозени лица во Охрид
Post Views: 7 Расте бројот на граѓани кои бараат помош од Црвениот крст. Економската криза, поскапувањето и инфлацијата го зголемија бројот на социјално загрозени граѓани во Охрид.Во општините Охрид и Дебрца моментално има околу 600 семејства од ранлива категорија.Најпогодени се многудетните семејства и стари лица, на кои децата им заминале во странство, па имаат потреба од нега. Црвениот крст им помага и на бегалците од Украина. Во Охрид има 22 лица, кои ја напуштиле родната земја поради воениот конфликт.„Имаме 22 лица бегалци од воениот конфликт, кои што се на...
Крводарителска акција утре на ФТУ
Post Views: 15Крводарителска акција по повод Неделата на црвениот крст.По повод одбележувањето на Неделата на Црвениот крст, а под мотото „Биди човечен“, охридскиот Црвен крст, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид, утре, во периодот од 10:00 до 14:00 часот, на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ), ќе организира крводарителска акција.На истата, својата хуманост, дарувајќи крв можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и сите заинтересирани лица.
Растителниот свет кај Вевчански извори
Post Views: 6 Еко-свест и Натура МК започнуваат со примена на граѓанска наука за да помогнат во идентификација и мапирање на растителни видови во Споменикот на природата “Вевчански извори”.Со овие активности ќе се овозможи подобар мониторинг и заштита на шумите во ова заштитено подрачје.Граѓанска наука претставува пристап кој се заснова на набљудување и евидентирање на одредби појави од страна на граѓаните.Викендов во Вевчанските извори беа присутни 20на млади лица кои активно се образуваат и едуцираат. Активностите се реализираат и во соработка со Општина Вевчани.
Комунален проблем на рекреативната патека
Post Views: 13 До рубриката „Ти Си Твојот Град“ загрижени граѓани испратија видео запис за нов комунален проблем на рекреативната патека која води од Каналот Студенчишта до Парк.„На самиот крај од патеката од под плочките извира чиста вода“ велат граѓаните.Упатуваат апел до надлежните проблемот да се реши што е можно поскоро за да не дојде до понатамошно оштетување на овој партерно уреден дел од градот, омилен кај рекреативците.Современата пешачка патека е широка 10 метри, со две пешачки зони, две патеки за ролери и велосипеди, а во средината е хортикултурно...
САД лидер во смртност од Ковид-19 во светот
Post Views: 2 САД се лидер во смртност од Ковид-19 во светот, според податоците на NBC News и Worldometers.Бројот на смртни случаи од коронавирус во Соединетите држави надмина еден милион, најмногу во една земја од почетокот на пандемијата, според податоците на NBC News и Worldometers.Според американскиот ТВ канал, тој број е еднаков на населението на Сан Хозе во Калифорнија, кој е 10-ти по големина град во САД.Бројката од еден милион смртни случаи достигна 27 месеци откако беше потврден првиот случај на коронавирус во САД.По Соединетите Американски Држави,...
Јубилеј по повод првиот лекторат на македонскиот јазик
Post Views: 9 На Денот на македонскиот јазик, ќе се одбележи јубилеј на првиот лекторат на македонскиот јазик, литература и култура во Љубљана.Денес, на Денот на македонскиот јазик, со свечен, виртуелен настан ќе се одбележат 60 години од отпочнувањето на изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за набрзо потоа да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност, којашто и денес успешно функционира...
Почина охридската занаетчиска легенда
Post Views: 20 Почина охридската занаетчиска легенда, опинчарот Милан Белев (1926-2022), човекот во чијшто дуќан се говореше и холандски, човекот чиаја работилница беше несомнeно една од знаменитостите на Охрид.Милан Белев (1926-2022), занаетчија-ОПИНЧАР, роден во Охрид, на 13 години заминува во Зајечар, соседна Србија да го изучува кожарскиот занает, се враќа дома после 4 години и заедно со неговиот брат Ѓорѓи Белев. Заедно двајцата отвараат занаетчиски – опинчарски дуќан во старата охридска чаршија.Низ годините изработувал опинци и други производи од...