Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Кривична пријава за охриѓанка

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43- годишен охриѓанец, управител на трговско друштво, за вработување на инвалидни лица за производство, трговија, превоз и услуги, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“.Во март годинава, пријавената како управител на трговското друштво склучила договор за вработување со лице со посебни потреби за работно место помошник пакувач во продавница во  Охрид, која е во склоп на наведеното друштво и не почитувајќи ги...

Продолжи со читање

Основците од „Христо Узунов“ трети во футсал

Post Views: 7 На државното Првенство во Футсал за основно образование кое се одржа од 14 до 16 мај  2015 година во Скопје општина Карпош,  уцениците од ОУ Христо Узунов го освоиа високото 3 место во Р Македонија.Претходно во голема конкуренција на регионалниот натпревар во Кичево  на екипи од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и Охрид учениците од ОУ „Христо Узунов“ го освоија првото место .  

Продолжи со читање

Понеделник, неработен ден за сите граѓани

Post Views: 7 Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека сабота 23-ти мај 2014 година е Националниот ден на Власите и истиот е неработен ден за припадниците на влашката заедница.Според Програма на неработни денови за 2015 година, во недела на 24-ти мај се празнува државниот празник „Св. Кирил и Методиј“-ден на сесловенските просветители, а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија ќе биде понеделник 25-ти мај 2015 година.

Продолжи со читање

Заедно против пожарите

Post Views: 5 Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.Свр Охрид,  територијалната...

Продолжи со читање

Бензините со нови цени

Post Views: 7 Цените на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денар, додека дизелот поскапува за половина денар, според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на евросупер-95 изнесува 70,5 денари, а на евросупер 72,5 денари. Дизелот од ноќеска на полноќ ќе чини 58 денари за литар.Според одлуката на РКЕ и според цената на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а новата цена изнесува 46,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,705 денари за килограм и ќе изнесува 28,934 денари.  

Продолжи со читање

Охридските аеромоделари повторно најдобри

Post Views: 5 На 17 мај 2015 година на спортскиот аеродром во Прилеп, се одрза 63-то државно првенство во воздухопловно моделарство, каде што во силна конкуренција во  категоријата Ф1Б – модели на гумен погон победник беше Аеро Клуб Охрид кои го повтори минатогодисниот успех, со освоени први три места. – прво место- златен медал го освои Масин Климент,Сребрен медал Александар Цветановски и бронзен медал му припадна на Митко Цветановски.Во категорија Ф1Х најмладиот такмичар Александар Цветаноски се закити со уште еден медал и го освои третото место.Голема заслуга...

Продолжи со читање

Комуналец ќе подига кабаст отпад во Билјанини извори

Post Views: 9 Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 16- ти мај, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница „ Билјанини Извори“.Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.  

Продолжи со читање

Оваа сабота прскање против комарци

Post Views: 5 Од министерството за транспорт и врски информираат дека во текот на викендот ќе се изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).Престојното прскање на комарци во општина Охрид ќе биде извршено на 16- ти мај, сабота, на вкупна површина од 1500 хектари.Со дезинсекцијата на ниво на Македонија ќе биде третирана вкупна површина од 6000 хектари, со високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.  

Продолжи со читање