Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Бројни награди на учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Post Views: 6 Учениците на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од Државниот натпревар на средните електротехнички, машински и сообраќајни училишта во Република Македонија кој се одржа на 09.05.2015 година во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп.Ученичката Стефани Божиновска, техничар за патен сообраќај III година, го освои првото место за научен труд, под менторство на професорот Милески Ѓоко. Во истиот образовен профил ученичката Тамара Шикалоска го освои второто место.Ученикот Димитар Плеушкоски, електротехничар енергетичар III година, го освои...

Продолжи со читање

Лајонс клубовите „Деница“ и „Охрид“ во борба против оштетувањата на видот кај децата

Post Views: 6 Лајонс клубовите „Деница“ и „Охрид“ го реализираат проектот за превенција и рано откривање на оштетувањата на видот кај децата од предучилишна возраст. Проектот се состои од едукативни презентации за родителите и децата од детските градинки и поттикнување што порано да се спроведува скирининг на видот кај децата. Проектот е насловен „За децата појасно да го гледаат светот“, а предавањето ќе го одржи Специјалист офталмолог Д-р. Виолета Павлоска во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со почеток во 16:30.  

Продолжи со читање

Мечка масакрирала стадо овци во село Рамне

Post Views: 5 Убиени се шеснаесет овци и едно куче, а се претпоставува дека истото животно уништило и неколку сандаци со пчели во месноста Видобишта. Пред десетина дена во селото Рамне, мечка нападнала стадо овци, при што се убиени 16 овци и едно куче. Љубе Недески, сопственикот на стадото вели дека за време на нападот мечката била многу разлутена и буквално носела се пред себе. Жителите велат дека станува збор за големо животно кое е забележано на неколку локации во селото и тоа преку ден, што значи дека таа не се плаши и доаѓа по храна. Претседателот на Месната заедница Ристе...

Продолжи со читање

Ориентација во урбани средини

Post Views: 3 Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која има за цел, преку изработка на мали проекти од страна на младинците на Црвен крст Охрид, да  се прибираат средства за помош на различни целни групи на ранливо население, тимот на млади на Црвен крст Охрид во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид, под мотото „Истражи го Охрид“ ќе реализираат хуманитарен натпревар за ориентација во урбана средина, со назив „КОМПАС“. Учесници на овој натпревар се ученици од сите основни училишта во Охрид, кои организирани во...

Продолжи со читање

Марш за поддршка на Македонските безбедносни сили и во Охрид

Post Views: 5 Целта на маршот беше да и се искаже поддршка на македонската полиција и да им се оддаде почит на загинатите во полициската акција во Куманово во која загинаа осум припадници на специјалните единици, а 37 беа повредени.Граѓаните собрани на плоштадот Св. Климент Охридски рекоа дека сакаат да покажат единство во овие тешки моменти за нашата држава и да дадат поддршка на сите македонски бранители кои несебично и достоинствено се секогаш први на браникот на слободата.На собирот покрај граѓани, носители на јавни функции и преставници од локалната самоуправа беше...

Продолжи со читање

Отворени понудите за нови билборд локации низ Охрид

Post Views: 9 „Медиас“ ДООЕЛ Скопје, „Кала-Плака“ Скопје, Скрин Инвест“ Тетово и „Акцент Медиа“ Скопје, се фирмите чиишто понуди  за издавање на микролокации за поставување на билборди денес беа отворени во Општината. Издавањето под закуп на локациите ќе оди во два пакети и тоа:Пакетот 1 содржи локации за осум рекламни паноа, додека Пакетот 2. содржи локации за девет рекламни паноа, а локациите се во централното градско подрачје, на улиците, „Туристичка“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, кеј „Македонија“ и „Македонски просветители“. Станува збор за петнаесеттина нови локации и...

Продолжи со читање

Охридски комуналец ќе подига кабаст отпад во центарот

Post Views: 5 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“ , „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“и нас.„Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на...

Продолжи со читање

Денес протест против полициската бруталност во Охрид

Post Views: 5  Денес и во Охрид ќе се одржи протест против полициската бруталност, после Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и КумановоПротестот е најавен со почеток во 18:00 часот, пред споменикот на Кирил и Методиј на градскиот кеј. Организаторите на совијалната мрежа Facebook  велат:По неделните настани, обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје, и Охрид се приклучува на протестите против полициската бруталност! Охрид гордо стои до Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци...

Продолжи со читање