Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Утре голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 9 На 25 Април 2015 година (сабота) со почеток во 13 часот, во СРЦ „Билјанини извори “ во Охрид, ќе се одржи голем народен собир.Пред присутните ќе се обрати Претседателот на Владата на Р. Македонија и Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Ќе се подигнува зелен отпад во нас. „Бараки“

Post Views: 8 Ј.П. „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“, (нас.„Бараки„).Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го...

Продолжи со читање

Повторно минирање на патниот правец А2Е Охрид-Кичево

Post Views: 4 Од АМСМ информираат дека 24.04.2015 (петок) на патниот правец А2Е Охрид-Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16.00-17.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Фатен кичевчанецот кој оперирал во Слатино

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот...

Продолжи со читање

„Мобилно 3D кино“ во Охрид

Post Views: 8 Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D...

Продолжи со читање

On-line плаќање на радиодифузна такса

Post Views: 8 Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, УЈП овозможи електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса, од кое било место и во секое време. Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што е потребно е пристап до интернет и е-пошта.Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат. На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот...

Продолжи со читање

Саморегулацијата во медиумите за поголема професионалност и етички стандарди во новинарството

Post Views: 8 Тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид.Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува...

Продолжи со читање

Денес без вода жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид

Post Views: 6 Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“.Од претпријатието објаснуваат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9-12 часот.{loadposition content9}

Продолжи со читање