Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 Граѓаните повторно реагираат на големиот број испреплетени жици и кабли кои висат над нивните глави насекаде низ градот. Овој пат на улицата „Ѓорче Петров“ на самиот влез во нас „Христо Узунов“, телефонски или кабли од кабелските оператори кои веќе на земја кои над самите глави на минувачите, се новата опасност за сите учесници во сообраќајот. Иако надлежните ветија решение за овој проблем изгледа истиот уште долго же „виси“ над главите од охриѓани. {loadposition content9}
Отворен ден во судството
Post Views: 6 На 02 април 2015 година, ќе бидe одржан „Отворен ден во судството“, со цел запознавање на граѓаните со надлежноста и работата на судовите, како и заради полесно разбирање на базичните постапки и процеси кои се одвиваат во рамки на еден суд. Настанот ќе се одржи во следните судови: Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основен суд Струмица, Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп и Основен суд Тетово.Отворениот ден ќе трае од 11.30 до 13.30 часот. Во овој временски интервал ќе бидат реализирани посети на заинтересирани граѓани, кои ќе бидат...
Советот на Хидробиолошкиот Завод апелира за строга заштита на Студенчишкото блато
Post Views: 15 На седницата на Советот на Хидробиолошки Завод, одржана на 28.11.2014 година беше разгледувано Барањето за мислење по однос на измените и дополнувањата на ГУП за Охрид. Ставот на научните работници кој се однесува за Студенчишко блато е следниот: „Советот посебно апелира да се обрне внимание на строга заштита на Студенчишко блато кое е природен резерват на ендемични растителни и животински видови и плодишта за многу видови ципринидни риби. На крај напоменуваме дека на овој локалитет треба да се избегнуваат секаков вид на градежни активности“. Овој став стои и во...
Пронајдено пекинезерче со сино око
Post Views: 5 Пронајдено е кученце раса пекинезер во населбата „Христо Узунов“ во близина на ординацијата „Сонце“.Кученцето има едно карактеристично сино око.Лице за контакт Марина Ристеска тел. 077/666 910{loadposition content9}
Охриѓани со координиран настап на „Скопје Травел Маркет”
Post Views: 9 По повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, Општина Охрид упатува јавен повик за заедничка организација и учество на овој Саем.За таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од хотелско –...
Избраните дела на Бранко Цветкоски пред oхриѓани
Post Views: 5 Пред охридската литературна публика, оваа среда во изложбениот салон на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ”-ОХРИД, ќе бидат претставени избраните дела на Бранко Цветкоски.Станува збор за “ИЗБРАНИ ДЕЛА” во 6 ТОМА од современиот македонски поет литературен критичар Бранко Цветкоски, што всушност претставува пресек од неговото 40-годишно плодно книжевно творештво. Промоцијата ќе започне во 12 часот.{loadposition content9}
Јавен службеник од „Градски гробишта“ заработи кривична
Post Views: 8 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ проневера во службата“„фалсификување на службена исправа“„злоупотреба на службена положба и овластување“ и „комјутерска измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (46) од Охрид. Пријавениот, во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, во својство на службено лице-јавен службеник задолжен за доделување и наплата на гробни места во ЈП„Градски гробишта“Охрид, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на...
Еден час мрак за промена на климатските промени
Post Views: 7 Се ближи 28 март, денот кога се одржува „Часот на планетата Земја”. Ова е најголемата акција на граѓаните од целиот свет, обединети во заедничко гасење на светилките, како порака дека не сакаме климатски промени туку здрава планета. Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува над 60 локации низ целата Република кои ќе го исклучат осветлувањето во траење од еден час.Часот на планетата Земја е глобално еколошко движење креиарно од WWF (Светската фондација за дивиот свет). Како една од првите...