Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Укинати рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19

Post Views: 7 Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат рестриктивните мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.Владата на Република Северна Македонија на 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и...

Продолжи со читање

Воспоставување и управување со Белчишко Блато

Post Views: 9 Четврток и петок (5-6- Мај) во новите простории од „Изложбениот центар на Белчишкото блато” во с. Белчишта ќе се одржи работилницата во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022г.Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економскитевредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на...

Продолжи со читање

Успешен настап на охридските стрелачи во Бугарија

Post Views: 2 Успешен настап на стрелците од охридските стрелачки клубови на меѓународниот Турнир „ЗПГ-2022 ” што викендов се одржа во Сандански Р. Бугарија.Три златни, еден сребрен и еден бронзен медал во поединечна конкуренција како и два екипни трофеи, е конечниот исход од овај натпревар, а резултатите се следни:Јована Милевска од СК „Охрид ” со резултат од 608 круга се пласира на првата позиција во категорија на јуниорки во дисциплината воздушна пушка. Во категорија на јуниори Бојан Спасеновски од ЖСК “Лихнидос “се закити со златен медал со...

Продолжи со читање

Остров – игран филм

Post Views: 23 Овој петок во 22:30, на програмата на ТВМ телевизија, рускиот игран филм „Остров“.За време на Втората светска војна, морнарот Анатолиј и неговиот капетан Тихон се заробени од Германците кога се качуваат на нивниот шлеп и шлепер, кој превезува пратка јаглен. Германскиот офицер кој ја предводи рацијата му нуди на Анатолиј – кој е преплашен од смртта – избор да биде застрелан или да го застрела Тихон и да остане жив, што Анатолиј го презема; тој пука, а Тихон паѓа во вода. Германците го креваат во воздух бродот, но Анатолиј е пронајден од руски православни монаси...

Продолжи со читање

Теренски активности на екипите на ЈП Водовод Охрид

Post Views: 9 Екипите на ЈП Водовод Охрид, во периодот од 25ти април до 1ви мај, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа дефекти на следните улици:“Гоце Делчев”“Дејан Војвода” (ф 2″)“Коста Абраш” (ф 3/4)“Никола Карев”“Петар Поп Арсов” бр.23“Железничка” (ф 3/4)“Питу Гули ” (ф 2″)“Даме Груев” бр. 78 (ф 3/4)”...

Продолжи со читање

Македонија во групата проблематични земји

Post Views: 2 Во најновиот Светски индекс на слободата на печатот во светот, објавен денеска од Репортери без граници Северна Македонија се најде на 57 место, односно во групата на проблематични земји.Сепак, тоа значи напредок од 33 место во однос на Светскиот индекс во 2021 година кога С. Македонија беше на 90 место. Во групата „Проблематични“ се и Ерменија (51), Романија (56), Косово (61), Црна Гора (63), Босна и Херцеговина (67), Киргистан (72), Србија (79), Унгарија (85), Грузија (89), Бугарија (91), Украина (106). Дваесеттиот светски индекс за слободата на печатот...

Продолжи со читање

Денеска се слави празникот Рамазан Бајрам

Post Views: 7 Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги...

Продолжи со читање

Демони – руска телевизиска серија

Post Views: 19 Понеделник до четврток 22:30, на програмата на ТВМ Телевизија, руската телевизиска серија Демони.Дејството се одвива во руската империја во 1870-тите. Работите се менуваат драстично во еден мирен мал град кога аристократот Николај Ставрогин и политичкиот опортунист Пјотр Верховенски се враќаат од Санкт Петербург. Ставрогин постојано се наоѓа во центарот на скандали, тепачки и дуели. Тој е згоден млад човек, зависник од секс, кој ги крши срцата на девојките околу него.Верховенски, пак, е интелектуалец и циничен човек, кој со самото доаѓање воспоставува...

Продолжи со читање