Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Некој им фрлил око на клупите во нас. „Гоце Делчев“

Post Views: 8 Детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“ повторно на мета на вандалите. Сега некој се намерачил на клупите кои се поставени во паркот па по се изгледа, се подготвува да ги однесе во својот двор или недај боже да ги продаде за старо железо. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето, па обрачите за смет, па патеките со бекатон плочки и сега на ред дојдоја клупите.  По се изгледа дека за многу краток период оваа населба ќе остане без долгоочекуваното место за одмор и рекреација на своите жители.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Бидете подготвени, викендов доаѓа дожд!

Post Views: 7 Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22. 02 2015 година под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд.  Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, – градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да...

Продолжи со читање

Комуналец постави нови корпи за смет

Post Views: 7 Ј.П.”Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона 2015 год. постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид.Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Вечерна богослужба за „Прочка – Поклади“

Post Views: 10 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 22 фавруари 2015 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Ги известуваме своите православни верници дека од 22 до 26 февруари 2015 година, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со...

Продолжи со читање

Разрешена директорката на ЈП за комунална дејност од Дебрца

Post Views: 15 Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска.Поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца, Градоначалникот на општина Дебрца ја донесе оваа одлука. За ВД Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија.Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан...

Продолжи со читање

Започнаа уписите за младите актери

Post Views: 6 Сите хриѓани и охриѓанки кои се навозраст од 7 до 17 години, а имаат желба и талент да се занимаваат со театарската игра, сега имаат можност да бидат дел од Детското драмско студио кое од 1-ви март 2015 година ќе работи во рамки на охридскиот Народен театар.Уписите се во тек, а сите заинтересирани можат да се пријават секој работен ден во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид.Со членовите од драмското студио ќе работат ангажирани професионални театарски работници, кои се дел од тимот на оваа културна установа.{loadposition content9}  

Продолжи со читање

ЈП „Градски пазар“ издава тезги за 8-ми март

Post Views: 6 По повод дмеѓународниот ден на жената, празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ од Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република, кај Чинарот.Сите заинтересирани за изнајмување на тезгите може да се пријават во административните простории на ова јавно претпријатие или да побараат информации на телефон 046-266-600.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Претставата „Детектор за лаги“ повторно пред охриѓани

Post Views: 11 „Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.Станува збор за едноставна приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а кои проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска...

Продолжи со читање