Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Да помогнеме!

Post Views: 6 Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија. Моментално потребна е помош во флаширана вода и средства за хигиена, кои можете да ги доставите во магацинските простории на Црвениот крст од Охрид. Својата донација претходно треба да ја најавите на телефонскиот број 046 261 909 или на  телефонскиот број 070 315-309.Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош: -Жиросметка на Фонд на солидарност...

Продолжи со читање

Општина Охрид: Општина Охрид работи транспарентно и отчетно

Post Views: 8 Во врска со денешното соопштение за медиумите на СДСМ- Охрид ја известуваме јавноста дека: Лицето на кое се однесува денешното  соопштението на СДСМ- Охрид е ангажирано во општина Охрид од страна на претходниот градоначалник на работни задачи во Секторот за урбанизам уште од 26.01.2012 г., или  14 месеци  пред преземањето на мандатот од страна на  сегашниот градоначалник Никола Бакрачески, со што недвосмислено паѓаат во вода обвинувањата на СДСМ -Охрид дека сегашното раководство на Општината ангажирало лица врз основа на било каква партиска припадност. На истото...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид: Нов скандал во општина Охрид

Post Views: 12 Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет. Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите. Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место. За скандалот да биде уште поголем, споменатата вработена ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението...

Продолжи со читање

Литургија по повод Св.Тимотеј

Post Views: 11 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2015 година (среда), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Се огласија професорите од охридската гимназија кои штрајкуваат

Post Views: 9 Почитувани родители, ученици, колеги и сограѓани !!!Зарем дојде моментот кога значењето на зборот ДАСКАЛ треба да се бара во речник ?! Тоа е човекот кој со своето знаење креира личности – идниот столб на општеството. Во успехот на возрасните лежи и дел од тие што ги воспитувале, образовале. За потсетување, учителот отсекогаш важел за важен човек, почитуван, мудар кој ги учел своите ученици на доблести, морални вредности. Градел од нив луѓе кои ќе станат стожер на општеството. Никакви пари не можат да го заменат задоволството од тоа кога во луѓе што се...

Продолжи со читање

„Дедо и внук“

Post Views: 9 Едно од филмските остварувања кое годинава ќе биде подржано од „Агенцијата за филм на Република Македонија“ е  приказна на охридскиот млад режисер Илија Пиперкоски. Играниот филм „Дедо и внук“, во режија на Илија Пиперкоски, кој ќе се снима целосно на локации во Охрид, е прв ваков филм после „Мирно лето“ од далечната 1961 година. Првата клапа треба да падне оваа есена е во копродукција со романската „Пандорас бокс продакшн“. Пиперкоски открива дека станува збор за универзална генерациска љубовна приказна која го навела да направи едно навраќање кон минатото, но и...

Продолжи со читање

Истекува рокот, уште 5 дена за воведување ГПРС каса

Post Views: 9 Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската.Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања. По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се...

Продолжи со читање

Нова македонско – кинеска соработка во сферата на туризмот

Post Views: 12 Конкретен бенефит од самата средба е можноста на оптината бесплатно да ги претстави туристичките потенцијали на Охрид на престаојниот саем на почетокот на месец јуни во градот Нингбо.Висока кинеска делегација од градот Нингбо денес во посета на Општина Охрид. Никола Бакрачески, Градоначланикот на Општина Охрид истакна дека остварена е плодна и конструктивна средба на која е оценето дека туризмот е приоритетниот заеднички интерес за двата града, поточно дека оваа средба е убав начин за отворање можности за привлекување на туристи од НР Кина кои би го посетиле...

Продолжи со читање