Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 53Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, кој пред Нова година, во прво читање, беше прифатен од собраниската Комисија за здравство, се предвидува јавните здравствени установи да можат да наплатат 50 отсто од трошоците за здравствената услуга од оние пациенти што два пати во месецот или четири пати во годината не дошле на закажан преглед или операција, а воопшто или навреме не ги откажале термините, пишува денешен „Вест“.Пациентите кои се спречени да дојдат на закажаниот термин за преглед или операција, според предложените законски измени, треба најмалку...
Преку лажен фејсбук профил, полов напад врз малолетник
Post Views: 44Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И. (25) од Охрид. Основниот суд Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.Во почетокот на ноември минатата година, пријавениот креирал лажен фејсбук профил „Kikolo giko“ по што набрзо се воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација, сега притворениот И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом...
Во новата година обавезно ќе …
Post Views: 46Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови. Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња.„Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна зона, кој...
Купен стан од „Адора инженеринг“ ве носи на зимување во Банско
Post Views: 48По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година. Со овој подарок, компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот, традицинално сака да им возврати за довербата и лојаноста на купувачите, со грижа, љубов, внимание и награди, со што продолжува и во 2015-та година. Адора инженеринг, синоним за докажано сигурна, квалитетна и економична еко градба, на крајот на 2014-та ја додели наградата автомобил...
Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ
Post Views: 44Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид , што толку “будно“ и “загрижено“ ја следеле состојбата со снежното невреме во Охрид , па наместо веднаш да помогнат со личен пример во расчистување на снегот пред своите дворови, се огласија во јавност со цинично соопштение осум дена по неговото паѓање.СДСМ- Охрид ја изобличува вистината, но фактите говорат дека сите улици во Охрид и патишта до најодалечените охридски села беа пробиени и проодни за сообраќај само неколку часа по невремето. Градоначалникот Никола Бакрачески како ниеден досегашен охридски ...
OO СДСМ: Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани
Post Views: 48Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да пристигнат до хотелите, апартманите и вилите, беа видливо...
Оваа недела сите дечиња ќе одат во централната градинка
Post Views: 55Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“. Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката на градинката информира дека централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со работа на...
Преносната мрежа со која управува МЕПСО е целосно функционална
Post Views: 61Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон.Националниот електропреносен систем функционира оптимално и сите над 50 трансформаторски станици приклучени на преносната мрежа се под напон и се снабдуваат со електрична енергија. Во целост ги отфрламе како невистинити шпекулациите дека МЕПСО денеска имал проблеми во снабдувањето со електрична енергија кои беа изнесени во некои од медиумите. Стручните лица од МЕПСО максимално посветено и...







