Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 9 Со хеликоптер на МВР денеска се евакуираа три лица во завеаното со снег струшко село Ржаново, а надлежните институции прават максимални напори за расчистување на патиштата кон отсечените села поради невремето, информираат од Министерството за транспорт и врски.Инаку трите лица останаа завеани во ова струшко село и буквално ова беше единствен начин да се стигне до нив, со оглед на обилните снежни врнежи кои го зафатија регионот.{loadposition content9}
Мразот го „окова“ Охрид
Post Views: 6 Ниските температури кои утрово беа почуствувани во охридскиот регион буквално го оковаа нашиот град. Најпогодени се жителите од стариот дел на градот, како и оние кои живеат во населбата „Гоце Делчев“ позната како Бараки. Се повторува сликата на оштетени телефонски кабли како и кабли од кабелските оператори. Во населбата „Гоце Делчев“ под тежината на снегот се скршија неколку дрвја бор, а оштетено е и детското игралиште.{loadposition content9}
Подрачните одделенија на УЈП од 1-ви јануари со продолжено работно време
Post Views: 10 Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година, ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.Причина за оваа одлука е совпаѓањето на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, па така, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на...
ТелевизијА ТВМ стана регионален медиум
Post Views: 9 ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.ТелевизијА ТВМ постои веќе 22 години, години на постојан растеж. Телевизијата е од поодамна и кадровски и технички подготвена да се носи со ваков формат на регионална телевизија и всушност одлуката на Агенцијата е само една официјализација на тоа. Сепак, ова е значаен момент во развојот на медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик. ТелевизијА ТВМ продолжува да работи...
Локалната и Црвен Крст повторно организираат новогодишен ручек
Post Views: 9 По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен Новогодишен ручек во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид, на 25.12.2014 г. (четврток) со почеток во 14:00 ч.Предвидено е Градоначалникот на Охрид во 14:20 ч. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња.{loadposition content9}
Дел од улицата „Ристо Чадо“ без тротоари и улично осветлување
Post Views: 10 Жителите на оваа улица извесен период реагираат на комуналните проблеми со кои се соочуваат, особено на недостатокот на уличното осветлување на дел од оваа улица. Бројни се и оштетувањата на коловозот, а дел од оваа улица нема ни тротоари од двете страни.Повеќе информации во „Дневникот 1“ на „ТВМ Телевизија.{loadposition content9}
Златото на Лихнитида од денес достапно за јавноста
Post Views: 4 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (24.12.2014 г.) во 11 часот во Куќата на Уранија во Охрид ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“.Поставката која се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера.{loadposition content9}
Охридската болница ќе добие нов мамограф
Post Views: 5 Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава. Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров. {loadposition content9}