Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

46 загинати во македонски автобус кој се превртел и запалил во Бугарија

Post Views: 200 Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на македонски автобус кој се враќал од Истанбул за Скопје.Според првичните информации, загинале најмалку 46 патници во автобус од Македонија кој сообраќал кон Скопје. Автобусот се запалил и се превртел, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека ова е една од причините зошто луѓето не можат да се спасат. Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.Истрагата ја презеде екипа на Националната...

Продолжи со читање

Одлични резултати на охридските стрелци

Post Views: 188 Вчера на реконструираното стрелиште во Битола се одржа Вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кое учество зедоа околу 40-тина стрелци во дисциплините возд. пушка и пиштол.Кај сениорите најдобар беше Михаил Шишкоски со резултат од 589,2 кругови, додека пак Горан Здравески се пласира на втората позиција со резултат од 576,3 круга.Кај јуниорите најдобар беше Гоџоски Мартин и заслужено прво место со резултат од 564,2 кругови или во севкупен пласман мажи-петта позиција. Останатите членови на СК ,,Охрид,, Васко Попоски, Антонио Попоски и Јован Матески...

Продолжи со читање

Куп медали за теквондистите од „Хваранг фист“

Post Views: 207 На ден 21 Декември 2014 година во Скопје,населба Маџари, во салата Методија Андонов Ченто,се одржa последниот за оваа година Отворен Таеквондо турнир – ТИГРИ 2014, во организација на Македонската Теквондо Федерација,и Теквондо клубот Тигри,на кое учество зедоа 8 клубови од нашава држава.  Како единствен претставник  во Македонската Теквондо Федерација од нашиот град беше Таеквондо клубот  Хваранг Фист,населба Црногорци, Охрид предводен од меѓународниот инструктор Јосифоски Ацо IV дан,светски Семиконтакт шампион и Европски Теквондо шампион.   Во прекрасен амбиент,со...

Продолжи со читање

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Post Views: 185 Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител...

Продолжи со читање

Ќе се бира охридски спортист на годината

Post Views: 172 Кон крајот на месец јануари ќе се организирана свеченост на која ќе бидат прогласени најдобрите спортисти за 2014та. Сите заинтересирани треба да ги поднесат своите апликации.Ќе се избира најуспешен спортист на Охрид за 2014та година и тоа во следните категории:1 Најуспешен спортист – поединечно,2 Најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски,3 Најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски,4 Најуспешна спортска екипа,5 Најуспешен спортски тренер,6 Најуспешен спортски работник,Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер...

Продолжи со читање

Поставени информативни табли за едукативната патека „Галичица на дланка“

Post Views: 379 Деновиве беа поставени нови информативни табли со едукативни содржини, за едукативната патека „Галичица на дланка“.Станува збор за информативни табли со едукативни содржини за запознавање на посетителите со природните и културните вредности во нашиот парк. Од управата на паркот се надеваат дека оваа патека ќе биде почеток во откривањето на убавините во НП Галичица.

Продолжи со читање

Се поставува потпорен ѕид на „Римската бања“ кај Плаошник

Post Views: 185 Во тек се активностите од реализацијата на Проектот за поставување на потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“ на локалитетот Плаошник во Охрид. Изградбата на потпорниот ѕид е неопходна за да се спречи свлекување на земјиштето кое  може да предизвика големи штети на римска бања со мозаични подови која датира од I век од н.е. По изградбата на ѕидот ќе се обезбедат и соодветни услови за извршување на конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаиците од бањата. Реализацијата на овој Проект кој го раководи д.и.а. Анита Танеска, виш конзерватор...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Чеди Осман атакува на титулата најдобар млад европски кошаркар

Post Views: 201 Охриѓанецот Чеди Осман беше МВП (најкорисен играч) во финалниот кошаркарски натпревар на турнирот во Искар (Шпанија). 19-годишниот кошаркар, кој родум е охриѓанец исто така  заедно со уште девет кошаркари од стариот континент е во потесниот избор за најдобар кошаркар во Европа во младинска конкуренција. пренесува „Спортмедиа“.Осман како член на турската репрезентација под 16 години го совлада домаќинот Шпанија со 90-86. Осман мечот го заврши со 27 поени и два скока. Во текот на првенството тој имаше просечно (12,8 поени, 2,5 скока, 1,8 асистенција, 1,8 украдена топка).Охриѓанецот,...

Продолжи со читање

Екстрадиран Сади Гадафи

Post Views: 177 Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Сади, е екстрадиран на властите во Триполи.„Сади Гадафи е во притвор и кон него ќе се однесуваме во рамки на меѓународните закони“, соопштила либиската влада и навела дека во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали.Неименуван либиски претставник рекол дека Сади Гадафи рано утрово бил префрлен во Триполи и се наоѓа во затвор во либиската престолнина.Сади Гадафи во текот на бунтот во 2011-та година, кога бунтовниците го фатиле и го убиле неговиот татко, па преку Сахара побегнал во Нигер, каде што е уапсен и држен...

Продолжи со читање

Тешки оштетувања на античкиот град Помпеја

Post Views: 189 Поројните дождови и поплавите во локалитетот на Помпеја,во јужна Италија, предизвикаа тешки оштетувања на повеќе објекти во овој некогашен антички град, што целосно беше уништен, по катастрофалната ерупција на вулканот Везув.Екипи од археолози кои ги испитуваат последиците од лошото време,утврдија дека се оштетени низа потпорни ѕидови во локалитетот,како и структурата на неколку антички храмови,меѓу кои и на храмот на римската божицата Венера. Италијанската влада по тој повод одлучи да додели интервентни два милиони евра, за првите и најитни санации и интервенции во...

Продолжи со читање

Франција ќе субвенционра одење на работа со велосипед

Post Views: 147 Француското министерство за сообраќај планира сака да го поттикне користењето велосипед, посебно за оние кои одат  на работа, а се планира и субвенционирање на истото.Министерот за сообраќај на Франција Фредерик Куливие денес треба да го најави започнувањето на експерименталната фаза со неколку претпријатија за поддршка на вработените кои доаѓаат на работа со велосипед.Девизата„метро, работа, кревет“ наскоро ќе биде заменета со „велосипед, работа кревет“, со оглед на тоа дека Куливие ќе го изнесе националниот план кој го фаворизира возењето велосипед, особено од дома...

Продолжи со читање

Соборен дваесет години стариот рекорд на Александар Маленко

Post Views: 198 Македонските пливачи, Марко Блажевски и Горазд Чепишевски го имаа својот прв настап на Светското првенство во мали 25-метарски базени што се одржува во Доха, Катар.Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски на 200 метри слободно постави нов државен рекорд, притоа уривајќи го нашето најдобро достигнување на Александар Маленко од пред 20—тина години.Најдоброто време на Маленко беше 1;50,35 минути, а сега Блажевски трката во Доха ја исплива за 1;49,80 минути што беше доволно за 48. место во конкуренција на 100 пливачи.На шампионатот во Катар настапи и Чепишевски во...

Продолжи со читање