Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 20 Од понеделник-петок во 22:30 програмата на ТВМ Телевизија сите љубители на историските костимирани драми ќе може да уживаат во серијата посветена на руската царица Екатерина Велика.Станува збор за раскошна и возбудлива серија во руска продукција, за една од најзначајните жени во европската историја во 18 -ти век.Во средиштето на прикзната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез, чии родители се подготвуваат да ја испратат во Русија да стане невеста на царскиот двор . Желба на тогашната царица која сака да го ожени својот принц.Така...
Постапка за изградба на обиколница во Вевчани
Post Views: 5 На својот Фејсбук профил Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски информира дека во тек е постапка за изградба на втората обиколница во Вевчани.По интензивните преговори и средби со претставници од Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија донесе Одлука за дополнување на Одлуката за категоризација на државните патишта со која што Вишни – Горна Белица – Вевчани станува регионален пат (врска со Р2240).Изградбата на овој пат ќе биде по принципот по која што се изгради првата заобиколница околу Вевчани, стои...
Мониторинг на островот Голем град
Post Views: 8 НП „Галичица“ во рамки на програмата за долгорочен мониторинг и како дел од специфичните обуки за биологија и екологија на видови и живеалишта и пополнувањето на Standard Data Form (SDF), овие два дена изврши мониторинг на островот Голем Град како потенцијално Натура 2000 подрачје.Целта на мониторингот беа ендемичните шуми со фоја 9560, кои се наоѓаат на Анекс I од Директивата за живеалишта како и видовите на лилјаци Miniopterus schreibersii и Myotis cappacinii, чија популација на островот Голем Град зафаќаат значаен процент од вкупната популација на...
Илегалното труење го уништува биодиверзитетот
Post Views: 9 Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд. Ова се податоци на најновата Студија за труење на мршојадците, која ја објави Македонското еколошко друштво.Според документот, илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина го осиромашува биодиверзитетот и е закана за јавното здравје. Овие случаи и понатаму се провлекуваат нерегистрирано, а сторителите остануваат неказнети, посочуваат од МЕД.Помеѓу 2000 и 2020 година се регистрирани дури 1.046 потврдени и непотврдени случаи со...
Акција за чистење на Охридското Езеро, Охрид Еко 2022
Post Views: 9 Нуркачкиот центар „Амфора од Охрид најавува, дека викендов во Охрид ќе се одржи меѓународната еколошка акција за чистење на Охридското езеро „Охрид Еко 2022″.Акцијата започнува во сабота 30.04.2022. со почеток во 10:30 часот. Во акцијата ќе земат учество нуркачи од Република Македонија, како и нуркачи од странство.Во интерес на навремен почеток на акцијата, се молат нуркачите да бидат на Градското пристаниште во 09:00 часот со комплетна нуркачка опрема.По завршување на акцијата во 13:00 часот е предвиден ручек за нуркачите.Во недела...
Прво издание на Етно фестивалот во Охрид
Post Views: 7 Со концерт на етно составот „Монистра“ синоќа во Охрид започна „ЕТНО фестивалот“ во организација на здружението „АРТ пријатели“ од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид. Во име на градоначалникот Кирил Пецаков, за отворен го прогласи советникот Перчо Божиноски.„Ноќва нашиов убав Охрид добива уште еден фестивал во широката лепеза културни случувања „Етно Фестивалот“ со кој се чувствува спојот на остатоци од цивилизациите и природните реткости. Со оваа манифестација се вреднува вложената енергија и креативниот напор за создавање трајни вредности и се отвора...
Биди екологист, а не песимист
Post Views: 7 Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира настан – прошетка и кратка работилница за подигнување на еколошката свест кај младите, „Биди екологист, а не песимист“.Целта на овој настан е да се поттикнат сите младинци да ја разбудат својата еколошка свест и да направат мал чекор за големи промени. Да се сплотиме сите заедно и да ја направиме планетата Земја подобро место за живеење, велат од ОО Црвен крст Охрид.Настанот „БИДИ ЕКОЛОГИСТ, А НЕ ПЕСИМИСТ” ќе се одржи на 30 април со почеток...
Утре во Охрид Европски куп во параглајдинг
Post Views: 6 Воздухопловната Федерација на Македонија, параглајдинг клубот Fly Ohrid и Општина Охрид како покровител, од 28 април до 01 мај 2022г ќе го организираат Европски куп во параглајдинг PGAEC OHRID 2022.На натпреварот ќе земат учество натпреварувачи од 15 земји кои ќе се натпреваруваат во дисциплината прецизно слетување. Натпреварувачите ќе стартуваат од полетувалиштето во Велестово, а ќе слетуваат на стадионот БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ.Организаторите ги охрабруваат сите граѓани на Охрид и потенцијалните туристи кои ќе бидат во Охрид за време од Велигденските и...