Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Кривична пријава за охриѓанец за 165 договори за вработувања без издржана потреба

Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид.Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ ќе подига зелен отпад во Кошишта и Воска

Post Views: 10 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,,  (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на...

Продолжи со читање

СВР Охрид постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби

Post Views: 12 Секторот за внатрешни работи Охрид деновиве постави пристапна рампа за лицата со посебни потреби.„Целта е да се обезбеди еднакво право за пристап и еднаква можност за достапност и контакт на лицата со посебни потреби со полициските службеници, навремено излегување во пресрет на нивните барања, потреби но и решавање на одредени проблеми од безбедносен аспект. На овој начин СВР Охрид како сервис на граѓаните практично ја покажа отвореноста и кон лицата со посебни потреби со што настојуваме оваа категорија наши сограѓани, службата да ја почувствуваат како своја и...

Продолжи со читање

Времено затварање на патот Кичево-Охрид

Post Views: 3 Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 27- ми ноември, во 15 часот поради изведување работи на пат (минирање), сообраќајот на патниот правец Е65 Кичево-Охрид ќе биде во прекин.Ќе се минира во влизина на делницата (Пресека-Врбјани) а сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 30-45 минути.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Споменикот на Мајкл Џексон“ премиерно пред Охриѓани

Post Views: 11 Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.Приказната во филмот се плете околу еден локален бербер од едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Кривична за службеник на кого му „исчезнале“ 52 барања за приватизација

Post Views: 7 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Несовесно работење во службата“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.З.Ш.(65) од охридското село Велгошти. Пријавената, во својство на службено лице-советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка-Охрид во Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии, со пропуштање на должен надзор или на друг начин со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности,   овозможила  исчезнување на 52 поднесени барања за...

Продолжи со читање

Наскоро Oхрид ќе добие спортски терен со вештачка трева

Post Views: 11 Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“. Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога.Паралелно со поставувањето на слоевите со вештачка трева се нанесува и специјален гранулат со цел нанесената вештачка трева да го добие посакуваниот изглед и содржина.Покрј вештачка трева се поставува и заштитната ограда по должината на целиот стадион во предвидените димензии,а екипи на охридските јавни претпријатија поставуваат рабници и бехатон плочки на местата за...

Продолжи со читање

Охридскиот градоначaлник во посета на Кина

Post Views: 6 Градоначалникот на Охрид Никола  Бакрачески е во неколкудневна  посета на Шенжен –Република  Кина, каде оствари работна  средба со делегација на регионалните власти, предводена од заменикот градоначалникот  на Шенжен,   Ву Јихуан, која воедно е  и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На средбата  се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на ...

Продолжи со читање