Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 54Утре на 15-ти ноември 2014 година ЈП „Охридски Комуналец” ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини во Урбаната заедница „Даме Груев“ и Урбаната заедница 10 односно кај комплексот згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“.Се молат граѓаните кои живеат во овие урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Работната единица „Механизација” на телелефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од претпријатието...
Руски олигарх, поранешен офицер на КГБ, слета во Охрид
Post Views: 86Денеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.Токарев, кој наводно бил поранешен офицер на КГБ кој еден период бил на служба во Источна Германија, на аередромот бил пречекан од Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за контраразузнавање и безбедност на Република Македонија. Зечевич и Токарев се упатиле кон Дебар.Инаку Токарев моментално е претседател на руската компанија за дистрибуција на гас, Транснефт. Неговото име во неколку наврати се поврзува со сегашниот руски претседател...
Детското одделение при Општа болница ќе добие медицинска опрема
Post Views: 55Ротари клубот Охрид го привршува Глобалниот грант бр. 1420286 „Медицинска опрема за Детското оделение при Општата болница во Охрид“ во вредност од 40.245 евра, реализиран со поддршка на Ротари Фондација на Ротари Интернешнл и клубови од Италија, Шведска и Србија. На 18-ти ноември охридските ротаријанци ќе извршат примопредавање на опремата, чин на кој е најавено и присуството на членовите од ротари клубовите од Италија,Шведска и Србија. {loadposition content9}
Кривична за охриѓанец кој поседувал огнено оружје без дозвола
Post Views: 100Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67- годишен охриѓанец.-На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истио калибар.Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега...
Продолжува проектот „МАЈКИ“ на Црвениот Крст од Охрид
Post Views: 52Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период.Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна исхрана...
Извештаите од работењето на јавните претпријатија, повторно пред градските советници
Post Views: 48На триесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид седница на Советот на општина Охрид пред советниците ќе се најдат извештаите од работењето на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, Градски пазар, Водовод, „Грaдски гробишта“ , „Нискоградба Охрид“ и „Билјанини Извори“.Ќе се носи одлука за измени во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот од 2014 до 2016, а ќе се носат и измени во програмите за ЛЕР, комунални услуги, јавна чистота, јавно осветлување, патишта и улици, паркови и зеленило, сообраќајна сигнализација, детска заштита,...
Продолжува борбата со рибокрадците
Post Views: 49Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20...
Интензивни активности на охридските пратеници
Post Views: 48Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од преставните на централните и локланите инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско.Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј,...






