Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

plostad

Населбата Рача ќе добие плоштад

Post Views: 46Во тек се  завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача. Oд ЈП Градски гробишта, кое е изведувач на градежните активности, информираат дека плоштадот се поплочува со фино обработен гранит, бетонски и  бехатон плочки, по што централниот дел ќе  биде соодветно хортикултурно уреден.На плоштадот ќе биде поставена и фонтана, за која ЈП Водовод- Охрид веќе има обезбедно водоводна инсталација.Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до урбаните и месните заедници на подрачјето на општината да доставуваат барања за...

Продолжи со читање

знаци

Промена на сообраќајните знаци кај пешачките премини на „Туристичка“

Post Views: 50Општина Охрид, од вчера започна со промена на сообраќајните знаци на булевар „Туристичка“, што се наоѓаат кај пешачките премини.На местото на старите знаци, кои обележуваа пешачки премин се поставуваат нови светлосни знаци. Ваквите знаци ќе се постават по целата „Туристичка“ на сите места каде има пешачки премини.Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците.Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка и...

Продолжи со читање

merenje

Се мери енергетската ефикасност во четири општини од Југозападниот плански регион

Post Views: 49Започнаа активностите за мерење на енергетската ефикасност на четири објекти во исто толку општини што му припаѓаат на Југозападниот плански регион за кои скопската фирма „Делта проект“ ќе изготви техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата. Станува збор за три училишни објекти во населените места Горно Лакочереј, Требеништа и Центар Жупа и зградата во кој е сместена Општина Македонски Брод. По целосното скенирање на споменатите објекти ќе бидат предложени соодветни мерки што ќе треба...

Продолжи со читање

logo

„Абас Емин“ и „Охридска“ денес без струја

Post Views: 47Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 29-ти октомври, од 10:30 до 13:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улиците „Абас Емин“ и „Охридска“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Продолжи со читање

logo

Европска награда за квалитет за „Адора инжинеринг“

Post Views: 48Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, денес во Париз, Франција, ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери на свеченост во присуство на 150 бизнисмени од пет континенти во светот. За генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ова меѓународно признание е уште една потврда дека и светот го препозна и вреднува успешното работење на Адора Инженеринг и бизнис филозофијата на овој градежен бренд насочена кон совршенство во квалитет на глобално ниво, како суштинска основа за создавање...

Продолжи со читање

tabla

Делови од Охрид денес без вода

Post Views: 53Денес има прекин во водоснабдувањето на улиците „Радојца Новичиќ“, „ 28-ми Април“, „Кленоец“, „улица 130“, селата Лескоец и Лакочереј, информираат од МЈП Проаква Водовод Охрид.Причина за прекинот во водоснабдувањето е  настанат дефект на главна водоводна линија, а водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот, односно околу 17 часот.Поради дефект на водоводна линија , во од 8.30 до 13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето и во населбата Елешец.Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектите.{loadposition content9}

Продолжи со читање

kradec

Фатен искусен крадец во Охрид

Post Views: 47Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид. На 6 овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите. Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска врата и...

Продолжи со читање

logo

Во Охрид започнува вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 49Денес, во Центарот за јавно здравје – Охрид, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот, секој работен ден од 8.30 до 15 часот.Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина „Influvac“ од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцината изнесува 400 денари.{loadposition content9}

Продолжи со читање