Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Елешец и Пештани денес без вода

Post Views: 12 Поради дефект на водоводната мрежа кој се случил во текот на вчерашниот ден, жителите на Елешец и Пештани се без вода за пиење. Екипи на „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.Како што информираат од јавното претпријатие, работите ќе продолжат и во текот на ноќта, а се очекува дефектот да биде саниран денес до 17 часот.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Отворен ден за прашања поврзани со мозочен удар

Post Views: 6 Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за  третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања,  поврзани со мозочниот удар. Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела)...

Продолжи со читање

Охриѓанец се послужил во маркет и одбил да плати

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (33) од Охрид. Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11 овој месец околу 03 часот во маркетот „Ем“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот. Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот....

Продолжи со читање

Вo понеделник литургија во велгошкиот манастир Св.Петка

Post Views: 8 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 октомври 2014 година, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Параскева“ со почеток во 9.00 часот.Со литургијата  ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Ќе се подига кабаст отпад во Кошишта, Далјан и Воска

Post Views: 8 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во У.З.3 ,,Кошишта,, и У.З.4 ,,Воска,,  (заедно со комплексот згради и куќи во населба ,,Даљан,,).Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на...

Продолжи со читање

Прозор со поглед, живот во тага

Post Views: 5 Поглед кој секој би го посакувал од својот прозор, но не и животот зад тој прозор, кој крие многу тага. Трочленото семејство Јанкуловски од охридското село Рача, живее на работ на егзистенцијата. Во трошна куќа од само десетина квадрати, овие наши сограѓани секојдневно ја водат битката наречена живот. Вода за пиење со сомнителен квалитет, отсуство на  санитарен јазол и основни елементи од покуќнината  се само дел од проблемите кои го мачат ова семејство. Богоја Јанкулоски, некогаш вработен во градежната фирма „Бетон“, а денес поради здравствените проблеми корисник...

Продолжи со читање

Кривична пријава за албански рибокрадец

Post Views: 5 Еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца. На трети овој месец околу 9 часот, заедничката патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ со полициски службеник од албанската езерска полиција, го забележала  А.З. (47) од Поградец на околу 50 метри илегално навлезен во македонските територијални води  при незаконит риболов. По консултација со јавниот обвинител од А.З. одземени се  4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми, 20 пластични шишиња со по 6 блинкери...

Продолжи со читање

Свечено ќе биде одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 9 На пригодна свеченост, со културно уметничка програма закажана за 20 часот ,вечерва во  НУ Центар за култура “Григор Прличев“, Општина Охрид ќе го одбележи 23-ти Октомври, денот на македонската револуционерна борба.Во рамки на свечената програма предвиден е :1. Настап на хорот при  ОСУ Св. Климент Охридски со песната “Собрале ми се набрале2. Aнсамблот  Билјана Јуниор “Налеј налеј налеј”3. Настап на виолинистот Игор Бежаноски со инструментална изведба на револуционерни песни4. Настап на учениците од рецитаторската секција во Општинското средно училиште Св.Климент...

Продолжи со читање