Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 52СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „Тешка кражба“ и едно дело „Кражба“, поднесе кривична пријава против 24 годишен охриѓанец. Во пријавата е опфатена и 18 годишна девојка од охридското село Велгошти по основ помагање на сторител во извршено кривично дело.Пријавениот С.А. кривичните дела ги извршил во текот на изминатите два месеца во различни временски периоди. Користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид по што одземал пари, златен накит, мобилни телефони и...
Одлични резултати на охридските извидници
Post Views: 51На Државниот извиднички натпревар, викендов се одржа во с.Голозинци, општина Чашка во организација на Сојузот на извидници на Македонија, извидничкиот клуб „Пионер“ од нашиов град, постигна одлични резултати освојувајќи го третото место во машка конкуренција.На натпреварот извидниците од целата земја имаа можност да ги покажат своите вештини од областа на ориентација во простор, топографија, подготовка на храна во природа, изработка на времени живеалишта, животни вештини и др. Извидниците од „Пионер“ покажаа исклучителна умешност и знаење, што им го донесе бронзеното...
Патоказите во Охрид повторно мета на вандалите
Post Views: 57Несовесни поединци и натаму продолжуваат да ги кршат информативните патоказите низ градов. Викендов пристигнаа фотографии од граѓанин на Охрид кој ги регистрирал уништените патокази кај Гимазијата Св Климент Охридски и на улицата Јане Сандански. Локалната самоуправа постојано апелира до граѓаните да водат поголема грижа за јавните добра и доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.{loadposition content9}
Продолжува акцијата за подигање кабаст отпад
Post Views: 44Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 18- ти октомври, се организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница „ Даме Груев“ и урбана заедница „ Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“).Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од...
Ќе се собира отпад од електрична и електронска опрема
Post Views: 60Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ на 18.10.2014 година ја организираат Националната акција за чистање „Македонија без отпад 2014“. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ за таа цел на паркингот пред ресторан „Европа“ ќе постават контејнер за собирање на отпад од електрична и електронска опрема.Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и фирми кои имаат стар и неупотребуван отпад од електрична и електронска опрема ( компјутери, принтери, мобилни телефони, полначи, телевизори, фрижидери, пегли и сл. ) истиот да го...
Локалната доделува бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени
Post Views: 56Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 30 бесплатни курсеви за англиски јазик, 30 бесплатни курсеви по германски јазик и исто толкав број бесплатни курсеви по информатика на невработени лица и студенти во општината кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.Право на бесплатен курс по англиски,германски јазик и информатика имаат кандидатите кои се редовни студенти на универзитетите во Македонија или се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување.Заинтересираните кандидати треба да ги пополнат потребните образци ...
Малолетник-рибокрадец со подводна пушка
Post Views: 68Mалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“. Тој бил затекнат во рибокрадство вчера од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор, информираат од СВР. На малолетникот одземена му била подводната пушка, одело, маска и други предмети за нуркање. Неодамна пак, во...
Започнува кампањата „Помислете и на нас“
Post Views: 46Кампањата за одбележување на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта и Неделата за борба против гладта од 16-22 Октомври, под мотото ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС Црвен крст Охрид ја започнува со активности насочени кон собирање на прехрамбени производи на пунктови поставени во поголемите маркети во градот.Кампањата за одбележување на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта и Неделата за борба против гладта од 16-22 Октомври, под мотото ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС Црвен крст Охрид ја започнува со активности насочени кон собирање на прехрамбени производи на пунктови поставени...





