Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 Со цел правилно информирање на јавноста Претседателството на ОпО на СБ одржа Вонредна седница на ден 14.10.2014 година на која што ги усвои следните ставови и зајклучоци:1. Сојузот на борците на Македонија, како непартиска, невладина, патриотска, мултиетничка и единствена Организација на учесниците во НОБ низ која ја изборија слободата и државноста на оваа земја, не се бори за власт . Но СБ има морален кредибилитет да се бори за опстанокот, безбедноста и за прогресот на државата меѓу другото и со давање на свои мислења, свои ставови и низ критички однос кон сето она...
Во Охрид „Фестивал на новиот германски филм“
Post Views: 4 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија од 18-ти до 21- октомври во рамките на Фестивалот на новиот германски филм за љубителите на филмксата уметност ќе прикажува неколку филмски остварувања на германската кинематографија.Отварањето на фестивалот е во САБОТА 18-ти октомври 2014 со филмот ,,Родители”-трагикомедија,почеток 20.00 часот, влез слободен.Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и следните филмови:(недела)19-ти октомври 2014, филмот ,,Фак ју Гете”-комедија(понеделник) 20-ти...
Почитувајте ги акциите за подигање на кабаст и зелен отпад
Post Views: 4 Од Охридски Комуналец велат дека како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад. И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини.Апелираме граѓаните да се придржуваат до...
Охридски Комуналец ја уредува клучката на влезот во Охрид
Post Views: 4 Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги започна активностите за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид- левата страна од ул „Железничка„ во насока на магистралниот правец Охрид-Скопје.Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши рамнење на теренот и отстранување на неуредната вегатација, а во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садниици и декоративни грмушки.{loadposition content9}
Едно злато и три бронзи за охридските веслачи
Post Views: 8 Веслачите на Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид на 04.10.2014 год (Сабота) настапија на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ во Пловдив, Република Бугарија. На регатата освоија еден златен и три бронзени медаљи.Во дисциплината ергометар за кадетки Анастазија Паскали го освои првот место – златен медал.Во дисциплината скиф за кадетки Анастазија Паскали го освои третото место – бронзен медал.Во дисциплината скиф за сениорки за лесни веслачки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал.Во дисциплината ергометар за сениорки Александра Ивановска го освои...
Хероин и кокаин во дом на охриѓанец
Post Views: 6 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“. На 04.10.2014 година при претрес во домот на пријавениот полициските инспектори пронајдоа 18 грама опојна дрога хероин и 22 грама кокаин. На А.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.{loadposition content9}
Застој на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево
Post Views: 14 Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес на овој патен правец ќе има триесетминутно сопирање на сообраќајот во двата правци.Застој на сообраќајот ќе има од 13.50 до 14 часот и 20 минути кога полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот во правец Кичево – Охрид.Застојот на сообраќајот на магистралниот пат...
Учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“, учат за штедењето
Post Views: 3 Преку забава и игра денес учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат.Претставници од Тутунска банка-НЛБ, на чело со генералниот менаџер Милчо Mитрески , ги запознаа учениците со улогата на штедењето пари од мали нозе. Тие им поделија блокови и прибор за цртање и ги поттикнаа да творат на тема ,,Штедење и спортување“. Учениците чии цртежи ќе бидат најдобри, ќе бидат наградени. Воедно учениците беа поттикнати да се занимаваат со спорт и се разбира да почнат со штедење од најрана...