Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 Денес, 3-ти октомври, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во Ново Село, општина Дебарца, Белчишта и „Појаси (СИПО)“, стои во соопштениот на ЕВН Македонија. Објаснуваат дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија во овој дел од општината е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}
Се санира пешачката патека кај кардиолошки
Post Views: 6 Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни активности – изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена со бехатон плочки и оградена со ивичници. Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно го минуваат тој пат.{loadposition content9}
Филмот „Деца на сонцето” премиерно пред охридската публика
Post Views: 6 Ова македонско филмско остварување ќе се прикажува на 6-ти октомври (понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“, а кино проекциите продолжуваат во деновите 7-ми, 8-ми, 9-ти и 10-ти октомври 2014, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари.„Деца на сонцето” е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и...
Комуналец продава канти за комунален отпад
Post Views: 7 Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги информираат граѓаните и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид, дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200 ден.– Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата, информираат од...
EВН: Без струја жителите на неколку улици во Охрид
Post Views: 5 Денес, 1-ви октомври, од 14:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улиците „Лазо Трпоски“ „Карпош Војвода“.Исто така, прекин на струја ќе има и во дел од селото Љубаништа, во периодот од 13:00 до 15:00 часот, информираат од ЕВН Македонија.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}
Хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“
Post Views: 5 Во рамките на своите програмски определби и цели, Црвен крст Охрид и Општина Охрид заеднички ќе реализираат низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење.Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, оваа година ќе биде збогатена и со крводарителска акција под покровителство на Општина Охрид, на која се очекува драгоцената течност да ја...
Прес конференција за инвестицијата на „ОДВ Електрик“
Post Views: 6 На ден 01.10.2014 година во 12 часот во хотел Инекс Горица – Охрид , Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, главниот извршен директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон и Огнен Цубалевски, извршен директор на компанијата ОДВ Електрик регистрирана во Македонија, ќе одржат прес конференција.Тема на прес конференцијата ќе биде запознавање на јавноста со активностите околу реализацијата на инвестицијата на компанијата ОДВ Електрик во Македонија. {loadposition content9}
Филмот „Joe“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“
Post Views: 8 Филмската драма „Џо“ на режисерот Дејвид Гордон Грин со актерот Николас Кејџ ја толкува главната улога, од среда, 01-ви октомври 2014 година ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Станува збор за филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година во која покрај Кејџ, играат и актерите Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс.Филмот ја раскажува приказната за поранешниот затвореник Џо Ренсом кој настојува да избегнува неволји по секоја цена, но не успева во тоа. Тој е човек што се однесува непоправливо несовесно кон...