Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 56Утре, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи 29-та седница на советот на општина Охрид.На 29-то издание на седницата на Советот, советниците ќе се најдат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, годишните извештаи и предлог програми за работа на образовните установи, предлог одлуката за измена на распоред на средствата во Буџетот на општина ЕЛС Општина Охрид 2014 година, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како и низа предлог одлуки од областа на урбанизмот. {loadposition content9}
Утре се слави големиот христијански празник на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов
Post Views: 51Дебарско кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 30ти септември, во катедралниот храм св.Софија, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов, со почеток во 9 часот. На неа ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско кичевски г.Тимотеј.А пригодна верска свеченост традиционално ќе се одржи и во капелата во месноста Лагадин посветена на Вера, Нада, Љуба и нивната мајка Софија, со почеток во 14 часот и 30 минути. {loadposition content9}
Премиера на детската театарска претстава „Пат околу светот“
Post Views: 39Приказната за имагинарните патешествија на група деца околу светот, насловена како „Пат околу светот“, претставена преку тетарската игра на актерите на Охридскиот Народен Театар, а во режија на Драгана Таневска, започнува промоцијата на терминот кој Охридскиот театар, ќе им го посвети на најмладите. Драгана Танеска, режисер на претставата истакна дека ова е една несекојдневна приказна за која секое дете мечтае, а тоа е барем за миг со својата фантазија да отпатува далеку и да го види светот.„Нашата претстава „Пат околу светот“ е патување низ детската имагинација и...
Охридски староградски средби по 26-ти пат
Post Views: 62За Охридските староградски средби хроничарите ќе речат: Една песна, една судбина, многу песни, многу судбини. Во драгоцените музички бисери, со години таложени во ризницата наречена народен пејач а испеани од тајфите и музичките дружини, годинава по дваесет и шести пат ќе ужива публиката. Охридските староградски песни ќе започнат со дефиле на учесниците по охридските улици и краткотрајно нивно претставување на отворено на две локации , како и целовечерен концерт што ќе се одржи на утре во Големата сала на Центарот За култруа „Григор Прличев“. Петар Нечески музички селектор...
Извлеченa ждребката за Меморијалниот фудбалски натпревар
Post Views: 55Денеска беа извлечени играчите на двата тима што ќе играат в недела на Меморијалниот фудбалски натпревар што го организира локалната медиумска заедница од Охрид во спомен на прерано починатите колеги, ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка. Екипата А ја сочинуваат: Јулијан Здравковиќ, Трајко Пројковски, Филип Јовановски, Дарко Левески, Сашо Митан, Жанко Зш Голабоски, Мишел Наумоски, Предраг Савиќ и Сузана Вренцовска. Екипата Б ќе биде составена од: Јане Стефанов, Тони Ангелески, Горан Момироски, Тони...
„Cool bridges“ му донесе златен медал на Зоран Вељаноски- Летра
Post Views: 50Меѓународното жири на 14 то биенале на фотографската уметност, Фотомедиа 2014 година, кое неодамна се одржа во Скопје на охридскиот фотограф Зоран Вељаноски Летра му додели златен медал од Фото сојузот на Македонија за колекцијата од три фотографии насловена како „Cool bridges 1. 2, 3“. Годинава се претставија 175 автори од 35 земји од светот а изложбата на фотографии кои беа во конкуренција за награда ќе биде отворена на 13 ноември.Меѓународната изложба на фотографската уметност “Фотомедиа” се организира секоја втора година од 1988 година од страна на Фото...
Шест години од смртта на Влатко Пантовски и Наумче Аврамоски
Post Views: 60Денеска се навршуваат шест години од смртта на Влатко Пантовски – диџеј Пантер и Наумче Аврамоски – диџеј Бруце, кои трагично ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24 септември 2008 година околу 21 часот во близина на превојот Буково.Во спомен на Влатко и Наумче, членовите на мото клубот „Мото Охрид” во неделата ја извозија рутата од Охрид, преку Струга, Дебар, манастирот Бигорски, преку Маврово и Кичево, повторно до Охрид, а рекреативна тура денеска возат и велосипедистите од Охрид и Струга.Споменот на своите колеги не дозволуваат да...
Дваесетина повозрасни лица стручно се оспособија за самостојно вршење на одредени дејности
Post Views: 56Трајаноска Снежана е еден од дваесет и шесте лица кои ја посетуваа обуката за преквалификација врз основа на оперативниот план за активни политики и мерки за вработување на Владата на Република Македонија. Таа сега поседува уверение за помошник козметичар и верува дека дека знаењата и вештините со кои се здобила при оваа обука во голема мерка ќе и помогнат во реализацијата на нејзините идни професионални идеи и планови.„Се здобивме со големо искуство, знаење и едукација во областа на козметиката. Ние сме премногу благодарни и за време на таа едукација ние добивме впечаток...





