Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 46Од година во година расте бројот на деца кои страдаат од најразлични видови деформитети како на рбетниот столб така и на стопалата. Бројките се алармантни, во Македонија речиси и да нема дете без деформитет на стапалата. Деформитетите на стапалата можат да бидат најразлични, од рамни стапала па се до вродени деформитети, додека деформитетитите на рбетот кај децатата обично се јавуваат во форма на сколиоза и кифоза. Кога станува збор за деформитетите на рбетниот столб кај децата, физијатрите го демантираат популарното мислење, дека причина се претешките училишни чанти....
Со мировен марш ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот
Post Views: 45На ден 19.09.2014(петок) Локалната самоуправа и Општинската организација на сојзуот на борци ќе го одбележат 21-ви Септември “Меѓународниот ден на мирот”.Учесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на “Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и потпретседателот на Сојузот на...
Медиумската заедница во чест на своите колеги
Post Views: 59Споменот на своите колеги не дозволуваат да избледи од охридската медиумска заедница. Така во спомен на колегите Петар Алексоски од ТвМ, Влатко Пантовски и Наумче Аврамовски, но и на Јован Слатинец – Дџ Мравка, чии животи исто така завршија прерано, охридските новинари и вработените во локалните Тв и Радио куќи, и интернет портали ќе играат ревијален – медиумски фудбалски натпревар.Двете екипи кои ќе играат фудбал ќе бидат составени од новинари и вработени во редакциите на охридските медиуми. Целта на истиот е преку спорт и дружење да се потсетат на колегите и да...
Сложен е процесот на спроведување на полициската обука
Post Views: 63Центарот за обука во рамките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е носител на основната обука за полицаец заснована на програма што ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво. Тука, процесот на селекција на полициски службеници е доста сложен, истакна Гоце Бачанов началник на Центарот за обука при Биро за јавна безбедност на МВР.„Откако ќе заврши процесот на селекцијата, сите селектирани кандидати за полицајци потпишуваат договор за обука.Тоа не значи дека тие се полицајци туку во периодот додека трае обуката од една...
Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид
Post Views: 57Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“...
Одбележана 111 годишнината од битката кај Рашанец
Post Views: 75Неодамна од страна на Советот на месната заедница Куратица , МПЗ Тодор Александров, Христо Узунов како и на најмлади жители на с.Куратица се одржа традиционалниот марш по повод 111 годишнината од битката кај Рашанец, или познато меѓу народот втор Мечкин Камен.Во текот на маршот кај месноста „Клинчи Гумења„ учесниците се запознаа со текот и местото на битката кај Рашанец (Грмешница),каде загинале 117 те востаници. На гробот на војводата Аргир Маринчев беа положени венец и букет од учесниците, а беше одржан и краток говор за војводата и неговите востаници.Во иднина е предвидено...
Обид за убиство врз чувар од ЈП „Проаква“
Post Views: 48Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против Ј.Н. (29) од Охрид поднесе кривична пријава.Пријавениот, на четиринаесетти овој месец, без никаков повод и причина физички го нападнал З.П. вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, пријавениот Ј.Н. извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја.Настанот се случил околу 12 часот и 15 минути пред чуварската барака на...
Започна новата академска година
Post Views: 57 Со интонирањето на македонската химна денес во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Можностите кои овие факултети им ги нудат на идните студенти, ги прават, очигледен избор.„Денес ова се бара информатиката, универзитетот е на англиски јазик и има многу отворени работни места за оваа струка. Ќе видиме универзитертот е на англиски јазик, нуди многу можности, ако успеам ќе останам тука, ако не здравје“, велат идните студенти на УИНТ.„Избрав да студирам на факултетот...







