Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 „Пајаковата“ мрежа од кабли над градов синоќа за момент беше прекината. Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ успеа да сруши еден електричен столоб од уличното осветлување и два телефонски столбови. Извесно време беше пренасочен и сообраќајот на овие две улици, поради остатоците од електричните столбови кои завршија на коловозот.За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент. {loadposition content9}
„Охридско лето“ по 54-ти пат
Post Views: 6 Охрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста. Палењето на фестивалскиот оган на античкиот театар во Охрид и годинава го означи почетокот на уште едно, 54-то по ред „Охридско лето“. Честа да ја отворат оваа најголема музичко – сценска манифестација во земјава годинава им припадна на италијанските оперски ѕвезди, Барбара Фритоли и Лео Нучи. Пред публиката која традиционално го следи македонскиот синдром да доаѓа пред самиот...
Света литургија по повод „Св.Врачи Козма и Дамјан“
Post Views: 7 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јули 2014 година (понеделник) во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети врачи Козма и Дамјан“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.{loadposition content9}
Глувите лица и важноста на оралното здравје
Post Views: 8 Неодамна во просториите од здружението на глуви и наглуви лица од Охрид беше одржано советување на тема ВАЖНОСТА НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ.Советувањето го одржа Др. Кристина Стојаноска Алоска -стоматолог, а на гестовен јазик преведуваше г-гја Славица Стефаноска секретар на ова здружение. “Советување на ваква тема за прв пат до сега е одржано пред нашите членови. Интересот за корисните совети за оралното здравје го докажавме со посетеноста на членовите” – рече г-гја Стефаноска. “Во вториот дел од нашата денешна прва средба, на мое огромно...
„Носталгија во црно-бели рамки“ од Зоран Вељаноски – Летра
Post Views: 6 Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој отсликува една тивка меланхолија на...
„Волонтеризмот во служба на Аутизмот”
Post Views: 10 Во рамки на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот”, финансиран од Европската Унија преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилности, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеровиот синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“, денес ќе остварат средба со претставници на Локалната самоуправа.Во рамки на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот”, финансиран од Европската Унија преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилности, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и...
Пријателство преку музика
Post Views: 5 Членовите на Пријателство преку музика – Македонија и Норвешка утревечер ќе одржат Музички отворен настан – Концерт на дувачки состави од Македонија и Норвешка на плоштадот кај хотелот „Александрија“.На концертот кој ќе се одржи во 20 часот ќе настапат ученици од Државното средно музичко училиште од струга , Христијан Донески на саксофон и Даниел Танески на кларинет и двајцата од Охрид.FTM или Пријателство преку музика дејствува за да изгради интеркултурно пријателство и разбирање преку музика. Преку заедничка почит и пријателство, FTM поддржува и стимулира музички...
Во понеделник втора авиодезинсекција во Охрид
Post Views: 9 На 11 и 14 јули 2014 година ќе се изврши втората авиодезинсекција прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид. Прскањето против комарци ќе се спроведе на 4 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат. Имено, на 11.07.2014 ќе се спроведе прскање во општина Дојран на вкупна површина од 1000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари, а на 14.07.2014 година...