Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

fakjac

Утре ќе биде осветен „Фаќачот на крст“

Post Views: 45Свеченоста за осветувањето и отворањето на спомен-обележјето посветено на големиот православен христијански празник ,,Богојавление-Водици” – „Фаќач на крст”,  ќе се одржи утре, сабота во 10 часот и 30 минути на градското пристаниште во Охрид. Спомен обележјето што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг, автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е...

Продолжи со читање

peshtanka

Обид за убиство во Охрид

Post Views: 86Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди  во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле во кујната...

Продолжи со читање

freska

Денес е Св.Наум

Post Views: 62Свети Наум е најблискиот соработник на Свети Климент првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по Јулијанскиот календар).Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи...

Продолжи со читање

ulica

За една година асфалтирани повеќе од 30.000 м2 улици во Охрид

Post Views: 51За период од една година и три  месеци, асфалтирани се вкупно 30.400 метри квадратни улици во општина Охрид. И тоа:Асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1.800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше :-Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2, -улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,– целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2, -целосно ревитализирана и асфалтирана е  улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на оваа улица...

Продолжи со читање

svr ohrid

Кривична пријава за „изнуда“

Post Views: 57СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(35) и Ц.М.(36), двајцата од с.Лешани, oхридско, за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.Пријавените во јуни 2013 година, со намера да прибават противправна имотна корист од Н.П.(59) од Охрид сопственик на „Вила Свист“ лоцирана во нас.Свети Стефан во Охрид при лични средби, како и на неговиот мобилен телефон му испраќале пораки со сериозни закани со цел истиот да се откаже од намерата да купи простор-крајбрежен дел за плажа од 264 метри квадратни. Наведениот простор пријавените лица претходните години бесправно го уредиле за...

Продолжи со читање

logo

Охриѓанецот Филип Филиповиќ со втора награда на „Деновите на македонска фотографија“

Post Views: 63Деновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година. Поставката брои стотина фотографии, а ќе бидат доделени и серија награди и дипломи за најуспешните трудови и автори, како и специјалната награда ,,Благој Дрнков”.Овогодинешните добитници на наградите се:Прва награда за фотографија – Трајче Атанасовски од ФК Елема,Скопје, за фотографијата – Hard to explain, втора награда за фотографија – Филип Филиповиќ од ФК Кастрон, Охрид, за фотографијата – Aurora и трета награда за фотографија...

Продолжи со читање

Visar Morina

Почнува снимањето на „Татко“

Post Views: 61Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото.„Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...

Продолжи со читање

flaer

Издаден флаер со корисни информации за туристите

Post Views: 52Општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој, издадоа флаер со корисни информации за туристите во врска со нивниот престој во Охрид. Флаерот содржи информации за правата и обврските на туристите како и информации за нивен побезбеден престој. Флаерот е испечатен на два јазика, македонски и англиски.{loadposition content9}

Продолжи со читање