Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Обид за силување и разбојништво во Охрид

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ(34) од с.Белчишта, охридско, за сторено кривично дело „силување“.На 02.05.2014 година, околу 23,30 часот во Охрид, пријавениот ја довел во заблуда оштетена, деветнаесет годишно лице од Охрид дека ќе и помогне дека ќе го пронајде непознатото лице кое претходно со измама и го зел нејзиниот мобилен телефон. Двете лица се качиле во такси возило и се упатиле кон ул. „Сирма Војвода“ по што заминале во блиската борова шума каде пријавениот извршил полови дејствија над оштетената.СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н(23)...

Продолжи со читање

In memoriam Димче Димоски

Post Views: 6 Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“.Димче Димоски целиот свој работен век го помина како киноапаратер низ чии раце поминаа километри филмска лента, грижејќи се кино проекциите да поминат во најдобар ред.Иако неговото работно место беше далеку од очите на посетителите, неговото отсуство не можеше да не биде забележано, а ќе остане забележано и неговото сеќавање во двата документарни филмови во кои се забележани...

Продолжи со читање

Ќе се собира отпадно масло и стара хартија

Post Views: 10 Ќе се реализира и акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните, пластичните канти со собрано отпадно масло, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 3ти јуни (среда), од 12 до 15 часот да ја донесат на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ и да ја заменат со празна. Се известуваат домаќинствата кои поседуваат кантички дека повеќе нема да има вакви организирани  акции за собирање на отпадно масло, туку граѓаните ќе бидат директно контактирани од страна на овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање,...

Продолжи со читање

„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 10 Во текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за ...

Продолжи со читање

Заврши првиот Аматерски театарски фестивал во Охрид

Post Views: 5 Со вчерашниот прекрасен настап на театарската група од средните училиста „Мирко Милески“ и „Дрита“ од Кичево со претставата “Изгубениот сон” и театарската  група од средното училисте Св.Климент Охридски-Гимназија, Охрид, со претставата “Мачка на вжестениот ламаринен покрив”, беше заокружено првото издание на Аматерскиот Театарски Фестивал “Вдиши Театар”, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа од 28 мај до 1 јуни, во Охрид.На фестивалот беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади, талентирани актери...

Продолжи со читање

„Од отпад до кеш“

Post Views: 6   ОУ „Св. Климент Охридски” Охрид активно учестува во многубројните еколошки проекти. „Од неодамна тоа стана и дел од проектот „Од отпад до кеш : Одржив развој и економско зајакнување на неформалните собирачи на отпад преку рециклирање на отпадот во прекуграничниот регион со Албанија”. Денес училиштето беше домаќин на студиската посета на претставниците од Република Албанија, учесници на овој проект. Учениците и вработените им ги презентираа на гостите многубројните  активности во рамките на еколошката едукација на учениците, а посебно ги истакнаа своите...

Продолжи со читање

Ана Томевска – учесник на студентската YES програма

Post Views: 4 Гимназијалката Ана Томевска, ученичка од II – 4 клас при ОСУ “Св.Климент Охридски”, ќе биде дел од  YES програмата за меѓународно образование.Ана Томевска возбудено ни раскажува како за програмата YES била информирана и добила препораки за истата, од нејзината професорка по англиски јазик Сузана Ристеска.“Професорката Сузана не информира и не поттикна да учествуваме на натпреварот за познавање на англискиот јазик кој се оддржа во Струга во Септември 2013. Тестирањето се состоеше од три круга и тоа општо знаење на англискиот јазик, како и пишување есеј. За...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајка кај Ново село

Post Views: 5 Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 17 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново село, инофрмираат од СВР-Охрид.Поради сериозноста на повредите, по првично пружената неопходна медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“, доцна синоќа во ургентниот центар во Скопје испратени се П. К. (48) и С.П. (46) двајцата од Охрид. Во болницата „Св.Еразмо“ задржан е И.П. (24) од Охрид кај кого биле констатирани скршеници во левата натколеница. Сообраќајната незгода се случила во момент кога...

Продолжи со читање