Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 47Уште од првиот ден на донаторската акција, на членовите на “Ротаракт Клубот Охрид”, спонтано, со иста идеја и цел им се придружи и навивачката група “Рибари” од Охрид.Уште од првиот ден на донаторската акција, на членовите на “Ротаракт Клубот Охрид”, спонтано, со иста идеја и цел им се придружи и навивачката група “Рибари” од Охрид, кои несебично, посветено и искрено се заложија за реализирање на оваа акција, па поради взаемно пројавената желба за продолжување на донаторскиот настан, а и поради придонесот и заинтересираноста на...
24-та седица на Советот на општина Охрид одложена за понеделник
Post Views: 51На барање на советникот Јоне Станкоски од ВМРО- НП, кој е припадник на Влашката етничка заедница, со образложение дека утре 23 мај се одбележува Денот на Власите во Република Македонија, одложена е дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Дваесет и четвртата седница е закажана за понеделник 26 мај со почеток во 12 часот и 30 минути, а продолжението на дваесет и третата седница е закажано за истиот ден во 13 часот. {loadposition content9}
Зборови и цели преточени во акција
Post Views: 52Охридските акцијаши со две работни единици ќе се упатат кон настраданите подрачја на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска во напорите за санација и ревитализација на просторните и животни услови.Суштината на постоењето на охридското здружение “Брег на младоста“, не се само сеќавањата, средбите и туристичката афирмација на Унесковиот Охрид и езерото, туку акцијата и волонтерскиот прилог за локални потреби и способноста за интеграциските потреби на други подрачја во земјата, во други држави на регионот, Европа и пошироко. Да се даде своето време, искуство, способност,...
„Нискоградба“ приклучува објекти на системот за одведување отпадни води
Post Views: 50Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, изведува градежни активности, кои се однесуваат на приклучок на објекти во системот за одведување на отпадни води. Едниот приклучок се изведува на ул. Радојца Новичиќ во градскиот реон, додека другиот се изведува кај Хотелот Силекс. {loadposition content9}
ГРОМ Охрид со помош за Србија и БиХ
Post Views: 47Во рамките на хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина , погодени од катастрофалните поплави, и Општинската организација на ГРОМ од Охрид, предводена од претседателот Љупчо Настоски организираше собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода.Собраните средства членовите на ГРОМ Охрид ги доставија до најблискиот пункт за од таму да бидат препратени во загрозените подрачја.Раководството на ГРОМ Охрид повикува на хуманост од сите граѓани и ќе продолжи и понатаму со вакви акции. {loadposition content9}
Одлични резултати на Балабан и Алексовска во Бугарија
Post Views: 58Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија.За првпат оваа година стрелците од СК,,Охрид“ не се закитија со златен медал на турнирот, односно со сребрен медал се закити Нина Балабан, во јуниорска конкуренција со резултат од 403 кругови. Голем успех на Ангела Алексовска, која постигна резултат за 7 кругови поголем од минималната олимписка норма. И покрај ваквите резултати кои константно растат од натпревар на натпревар, надлежната институција во...
За петок свикана 24-та седница на Советот на општината
Post Views: 47Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година ќе се одржи овој петок со почеток во 12,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, со следниот деневен ред : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.2. Предлог Решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија. 3. Предлог Решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности. 4. Предлог Решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа. {loadposition content9}
Објаснување за замената на дрворедите на „Партизанска“
Post Views: 48Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска„ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот. Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи.Деградираните стебла од липи се во фаза на одмината старост и век на живеење и претставуваат опасност по пешаците, сообраќајот и околните објекти. Со своите длабоки и широки корења го...






