Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Се санираат шахтите на Бул.„Железничка“

Post Views: 8 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид,  започна со санирање на оштетените шахти на бул. Железничка. Со тоа  се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот и подобрува патната инфраструктура на оваа значајна сообраќајница.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Девет годинки, како Охрид не бери гајле

Post Views: 5  Девет годинки постоење на радио проектот „Охриде не бери гајле“. Проект кој се емитува на фрекфенцијата на „Супер радио“ речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани. Четиричасовната емисија ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски, а дел од тимот се и Тони Џомба и DJ Јане кои несомнено го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија.„Девет години не се мала работа да го трпиш џомбава, шала настрана, и веќе кај луѓето стана навика, најнормално, добра музика, лесен муабет, без многу филозофирање, секојдневие. Дел сме на...

Продолжи со читање

Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска

Post Views: 6 Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“.Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.,,Димитар Влахов,, покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул ,,Партизанска,, во времетраење од...

Продолжи со читање

Комуналец ќе подига кабаст отпад од У.З.8 „Билјанини извори“

Post Views: 8 Ј.П. „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  У.З.8 ЊБилјанини Извори“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено...

Продолжи со читање

Дел од Булеварот „Туристичка“ денес без струја

Post Views: 6 ЕВН Македонија информира дека денес, 16-ти мај, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од булеварот „Туристичка“, односно кула 6 и 8 и кула „Трудебник ТР2“.Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Финансиска поддршка за рурален развој

Post Views: 7 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано...

Продолжи со читање

Нови корпи за отпад на градскиот кеј

Post Views: 7 Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје  во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и  пепелник ...

Продолжи со читање

Телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција

Post Views: 8 Со цел подобрување на ефикасноста и одговорноста на општинската администрација, општина Охрид отвори  телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција.Граѓаните пријавувањата ќе можат да ги извршат на телефонскиот број 046/262-469, 262-469 или со поднесување  анонимна пријава по електронски пат преку веб – страната на општина Охрид со испаќање е-маил на следнава адреса : prijavikorupcija@ohrid.gov.mk{loadposition content9}

Продолжи со читање