Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 5 Постои реална опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил кога руските сили кои ја контролираат нуклеарната централа.„Украинските вооружени сили објавија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа централата мора да се повлечат од таа област“, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи формирање на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во...
Отпадот во регионов ќе добие силен удар
Post Views: 8 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Битола, се одржа заедничка средба со претставниците на 18-те општини што им припаѓаат на двата региони со цел да ја договорат динамиката и постапките што треба да бидат преземени од страна на градските совети за формирање на заедничко јавно претпријатие кое во иднина треба да управува со отпадот во Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.Активирањето на претпријатието е предуслов што го бара Европската банка за обнова и развој за одобрување на заем во висина од околу 30 милиони...
Субвенции за купување на велосипеди
Post Views: 9 Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Македонија од 01.01.2022година се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход за невработените лица и студентите.Барањата за субвенции за купување на велосипеди на...
Отворена недела на државниот архив и во Охрид
Post Views: 8 По повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив во ситте одделенија низ државава ги отвори вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат новите изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии.Од 28 март до 1 април граѓаните ќе имаат шанса и да се запознаат со организираноста и начинот на работа на Подрачното одделение на Државниот архив во охрид, како научно-културна институција со...
Невиден скандал на оскарите
Post Views: 6 На 94-то издание на Оскарите кое се одржа вчера во театарот „Долби” во Холивуд, остана во сенка на скандал, откако Вил Смит се качи на сцена и му удри шамар на комичарот Крис Рок кој претходно се пошегува со изгледот на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит која има алопеција и поради болеста целосно ја изгуби косата.Крис Рок ја коментираше Џејда дека личи на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн”, на што Вил Смит првично се насмеа, но веднаш потоа бурно изреагира, се качи на сцена и му удри силен шамар на својот колега.Можеби во прв момент...
Македонската фудбалска сензација се враќа во Скопје
Post Views: 6 Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа ја елиминираше Италија во рамките на kвалификациите за Светското првенство во Катар, со голот на Трајковски во 92 та минута.https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/1507113641837006848?s=20&t=7Lal6MGKYgn9jal_14CVcwИталијанските фудбалери постојано притискаа, обидувајќи се да стигнат до посакуваниот погодок, но нашите момци одлично се поставија во шестнаесетникот и не дозволија изненадувања.Социјалните мрежи вријат после македонското фудбалско изненадување. Гери Лајнекер кој неодамна ги критикуваше...
Караванот за вакцинација доаѓа во среда
Post Views: 14 Во среда 23 март на новото шеталиште во струга ќе пристигне караванот за вакцинација против Ковид 19. Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, СЗО и УНИЦЕФ следната недела ќе отпочне со зголемување на степенот на имунизација од Ковид -19 во земјава, преку теренска вакцинација или караван за вакцинација, кој е планирано ќе посети 14 локални заедници низ земјата.Граѓаните ќе можат да добијат најнови информаци за КОВИД-19 и да се вакцинираат за време на настаните кои ќе се одржат на градските плоштади и други локации во локалните заедници.Врз...
Што се работи на малиот плоштад кај чинарот?
Post Views: 22 Националната Установа „Завод и Музеј Охрид“ започна со извршување на сондажни археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид.Охридскиот завод и музеј започна со извршување на сондажни археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид. Целта на истражувањата е да се дефинираат хоризонталната и вертикалната стратиграфија на овој простор и да се одредат понатамошните активности од планираната реконструкција на плоштадот од страна на Општина Охрид, информираат од НУ „Завод и музеј“ од Охрид.Од установата упатуваат апел...