Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Се асфалтираат улици низ Охрид

Post Views: 7 Градоначалникот Бакрачески деновиве заедно со дел од најблиските соработници, изврши обиколка на улиците на кои се вршат инфраструктурни зафати. Градежни активности се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петров“ и „Железничка“.Во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтираат повеќе краци и тоа : Прв крак со површина од 220 м2,Втор крак со површина од 410 м2,Трет крак со површина од 300 м2,Четврт крак со површина од 220 м2,Пети крак со површина од 460 м2,Шести крак со површина од 95 м2,Седми крак со површина од 590 м2,Осми крак со површина од...

Продолжи со читање

Снежно априлско утро во Охрид

Post Views: 5 И Охрид утрово не беше поштеден од врнежите од снег кои го зафатија поголемиот дел од нашата држава. Врнежите во нашиот град за среќа се од помал интензитет и не предизвикуваат проблеми во одвивањето на градскиот сообраќај. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај.Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно, претпладне со обилни врнежи од дожд, на повисоките места...

Продолжи со читање

Требеништа денес попладне на кратко без струја

Post Views: 4 Oд ЕВН Македонија,информираат дека  денеска, 16-ти април, во периодот од 15:30 до 17:00 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од селото Требеништа.Од компанијата додаваат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Генетика на кучињата“ утре пред охриѓани

Post Views: 5 Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.  Овој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација на истата. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на...

Продолжи со читање

Промотивна велигденска понуда на „Адора Инжинеринг“

Post Views: 3 По повод најголемиот христијански празник Велигден, Адора Инженеринг на граѓаните им нуди празнична промотивна понуда со купен елитен стан од компанијата да купат и модерен паркинг простор по половина цена. Целта на оваа промоција, која ќе трае за Велигденските и Првомајските празници е единствениот градежен супербренд во Македонија, купувачите на нов дом за празниците да ги израдува со подарок, попуст за купување на гаража од 50 %. Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, со рекордна продажба на 87 станови во првото тримесечје од годинава, што е за...

Продолжи со читање

Охридските „мозочиња“ со предвелигденски концерт

Post Views: 5 Црвен крст Охрид одржа  Предвелигденскиот концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини.Покрај своите музички вештини и способности, 40 деца на возраст од 4-14 години  ги презентираа и техниките и вештини стекнати со Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат  фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.Овој атрактивен и интересен настан се реализира синоќа во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид, со почеток во...

Продолжи со читање

Основниот суд во Охрид на листата на неефикасните судови во Македонија

Post Views: 3 Основниот суд во Охрид се најде на листата неефикасни судови во Македонија, соопшти претседателката на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова, повикувајќи се на Извештајот за работата на судовите од 2013 година.– Можам да констатирам, од извештајот што е составен, дека судовите во текот на 2013 година се ефикасни и ажурни и постигнале висок квалитет, освен три суда. Тоа се Вишиот Управен суд, Основниот суд во Охрид и Основниот суд во Штип, истакна Неделкова.Неефикасноста на овие три суда, според неа, се израз на влез на предмети во судовите при...

Продолжи со читање

„Бисера“ за Денот на мајката

Post Views: 5 Женски Центар „Бисер Охрид, по повод Мегународниот ден на мајката 9 Мај кој традиционално се одбележува во светот и во Р. Македонија, во Охрид и оваа година ке организира свечено одбележување.За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема ,,Мајка” , ке се доделуваат награди и признанија. Оваа година манифестацијата ке се одржи во ОУ,,Григор Прлицев” Охрид на ден 09 Мај 2014 год. со почеток во 18:30 цасот.На оваа манифестација ке учествуваат сите основни училиста и детска градинка Јасна Ристеска, со своите...

Продолжи со читање