Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Прогласени победниците на „Codefest 2014“

Post Views: 10 Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше  непрекинати 32 часа. Codefest се одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“. 130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација,...

Продолжи со читање

Со која брзина требаше?

Post Views: 13 Не престанува вандалскиот однос на поединци кон урбаната опрема низ градов. На ред, по се изгледа дојдоа сообраќајните знаци.Веќе неколку дена еден од сообраќајните знаци на улицата „Марко Цепенков“е речиси во целост уништен. Не може да се види брзината која со него е ограничена, освен ако не сте на само 2-3 метри од него. Инаку на оваа охридска улица веќе извесно време по се изгледа некој ужива да ги искажува фрустрациите бидејќи прво страдаа младите садници, кои дури неколку пати беа менувани, за да сега на ред дојдат сообраќајните знаци.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Утре промоција на Фото книгата „Три рефлексии на погледот“од Зоран Вељаноски – Летра

Post Views: 15 Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.Во предговорот на делото, истакнатиот охридски поет Славе Ѓорѓо Димоски , ќе напише:„Овие фото-записи на Зоран Летра далеку се од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање  мигови и физички пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од неколку аспекти: историски расцвет и свет, охридската фасада, магичноста и мистичноста на праисториската...

Продолжи со читање

Започнува пребројувањето на пчелините друштва во охридско

Post Views: 9 Ветеринарна станица Прима Вет с. Требеништа, од Охрид  информира дека започна  редовниот пролетен  попис на презимени  пчелини друштва.Сите регистрирани пчелари можат да ја пријават бројната состојба во Ветеринарната станица во Требениста заклучно со 15.04 2014.Поднесувањето на бројната состојба е задолжително, а е  услов и за субвенционирање на пчеларството за 2014 година. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Започна ловот на Охридската пастрмка и белвица со блинкер

Post Views: 10 Од овој месец започнува ловот со блинкер на влечење од пловен објект за Охридска пастрмка и Охридска белвица, информира концесиоенерот Пастрмка 2012.Блинкерот на влечење ќе биде дозволен во периодот од месец Април до месец Ноември, од 1(први) до 15(петнаести) во месецот, како и во ден недела и за Државни празници.Оваа година новина  е тоа што цената на дозволата за блинкер на влечење е намалена па така од досегашната цена од 800 денари сега дозволата же изнесува само 600 денари.Дозволите се издаваат во просториите на Концесионерот Пастрмка 2012 во стара барака на...

Продолжи со читање

Основците во посета на полициската станица од Охрид

Post Views: 5 Сто и триесет ученици од основното училиште „Григор Прличев“ денес во 14 часот ќе ја посетат полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид. Целта на посетата која ќе се реализира по барање на ова основно училиште е запознавање на работата на полициските службеници поврзана со безбедноста во сообраќајот  како и запознавање на материјално-техничките средства и опрема што сообраќајната полиција ја користи во секојдневното извршување на работните задачи. Ваква посета на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, ќе се реализира и...

Продолжи со читање

Светскиот ден на здравјето одбележан и во Охрид

Post Views: 5 Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти.Од Светската здравствена организација препорачуваат дека е потребна контрола на преносителите (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.Светскиот ден на здравјето се одбележа и во Охрид. Здравствен дом Охрид имаше поставен пункт кај Чинарот. Лекарските екипи на граѓаните им мереа...

Продолжи со читање

Работодавачите, МПИН пресметките да ги достават до 10-ти април

Post Views: 8 Почнувајќи од 13.03.2014 година, согласно законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, работодавачите од приватен сектор кои ќе вработат невработено лице до 29 години возраст со полно работно време имаат право на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во рок од 12 месеци од вработувањето на лицето. Работодавачите можат да го искористат ова право започнувајќи со поднесувањето на МПИН пресметките за месец Март, кои се поднесуваат до 10 Април 2014 година.За да може работодавачот од приватниот сектор да поднесе...

Продолжи со читање