Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 7 Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец...
Да му помогнеме на Томче Костадиноски
Post Views: 8 Томче Костадиноски, четиринаесет годишно момче од населеното место Д. Седларце боледува од Душенова мускулна дистрофија (ДМД). И покрај сите извршени прегледи и лекувања во скоро сите државни и приватни здравствени установи во нашата земја, констатирана му е мускулна дистрофија на ‘рбетот и колковите, за која кај нас нема соодветно лекување. Членовите на семејството во потрага по соодветен третман се обратиле до Медицинскиот центар за матични клетки “ВУ’’, Болница Шижентенг во Пекинг, Кина од каде што добиле позитивен одговор, односно овој центар кој е докажан во...
„2 Mothers brothers” кабарето репризно пред охриѓани
Post Views: 8 Репризно „2 Mothers brothers” урнебесното кабаре во изведба на актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, исполнето со динамични авторски песни, преработки и комичен сценски материјал.ПЕТОК, 4-ти април 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 150 денари, мала сала, бројот на влезници е ограничен !!!{loadposition content9}
Комуналец ги „светна“ клупите низ Охрид
Post Views: 7 Согласно Програмата за работа на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за 2014 год., со доаѓањето на пролетта се интензивираа активностите за дотерување и освежување на градот пред туристичката сезона. Во рамките на проектираните активности за одржување на јавно-прометните површини и јавните добра, на градскиот плоштад се изврши фарбање на клупите и корпите за ситен отпад, а кај дел од нив се изврши санација.{loadposition content9}
Оваа сабота Комуналец ќе подига кабаст и зелен отпад од стариот дел на Охрид
Post Views: 8 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад.Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2014 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот. Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни...
Општина Охрид организира промотивна тура
Post Views: 3 Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.Гостите на промотивната тура , утре ( 4.04. 2014 г. ) во 12 часот и 30 минути ќе ги прими градоначалникот Никола Бакрачески, а од 18 до 19 часот во хотелот „ Милениум“ ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од...
Во понеделник света архиерејска литургија во црквата Св.Софија
Post Views: 6 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2013 година (понеделник), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едно-црквие).По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои ве-рници на заедничко прославување на овој празник....
Викендов, второ издание на „Codefest“
Post Views: 3 Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за...