Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 8 Денес во просториите на Црвен крст Охрид, во 12 часот ќе биде одржана четвртата, последна сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот. На 20 волонтери од клубот на млади на Црвен крст Охрид, кои активно учествуваа на обуката ќе бидат доделени сертификати за успешно завршената обука, како и признание на Црвен крст Охрид како организација домаќин.{loadposition content9}
Лагадин и Елшани денес без струја
Post Views: 8 Од ЕВН Македонија инфромираат дека денес 21-ви март, во периодот од 09:30 до 16:00 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од населбата Лагадин и селото Елшани.Од ЕВН со објаснување дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}
Со песни и рецитации,пречекана пролетта меѓу охридските пензионерки
Post Views: 4 Пречекот на пролетта Здружението на пензионерите преку Активот на пензионерки,го одбележаа пригодно со музичко-рецитаторска приредба.Во присуство на голем број пензионерки,мајки,учителки, од повеќе оснвни училишта,во Клубот на пензионерите во Охрид, група ученици од основните училишта од градот пееја песни и рецитаации посветени на пролета со сите нејзини убавини и карактеристики,како најубаво годишно време.Под менторство на пензионираната учителка, од ОУ ,,Свети Климент Охридски,, Ристана Мојсоска групата ученици го изведоа рециталот ,,Здраво пролет-децата пеат и...
Пронајдени вредни артефакти во приватна куќа во Охрид
Post Views: 4 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со СВР Охрид, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и информации, изврши претрес на дом и други простории во Охрид кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за сторено кривично дело – “кражба“ извршена на 06.11.2013 година.За време на претресот беа пронајдени три сефа, кои беа отворени под сомнение дека во истите се наоѓаат предмети кои можеби потекнуваат од кривични дела. Во еден од сефовите пронајдени се 8 метални предмети од...
Најмладите охриѓанчиња утре ќе ја чекаат пролетта
Post Views: 6 На неа ќе учествуваат дечињата на возраст од од 5 – 10 од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Покрај дефилето под пролетни маскипрограмата ќе биде збогатена со неколку музичко – ритмички точки со содржина за пролетта.На манифестацијата поканети се да се приклучат и деца од основните училишта по настапот на децата од геадинка. Предвидена е и активност „ДА ГО ПРЕГРНЕМЕ ЕЗЕРСКИОТ БИСЕР“ чија цел е испраќање на порака дека треба да го чуваме и заштитуваме нашето езеро,Дел од манифестацијата ќе се одвива во рамките на градинката каде ќе се собира хартија и пластична...
Женскиот центар „Бисера“ против семејното насилство
Post Views: 8 Женскиот центар „Бисера“ од нашиов град во соработка со СВР Охрид како и Економското средно училиште, ќе организираат работилница на тема „Превенција од семејно насилство“.Работилницата же се одржи на 24.03.2014-та година во 09 часот во просториите на училиштето, а целна група ќе бидат учениците од ова средно училиште. Предавач на работилницата ќе биде Живорад Савиќ, Раководител на одделот за превенција при СВР Охрид.{loadposition content9}
„Пајакова мрежа“ над улицата „Даме Груев“
Post Views: 9 По се изгледа, почна да се расплетува „пајаковата мрежа“ од кабли, на улицата „Даме Груев“. Веќе неколку дена над тротоарот на дел од ваа улица висат кабли кои се или телефонски или на некој од кабелските оператори. Токму над главите од пешаците висат каблите кои од непозната причина надвиснале над тротоарот, што може да се допрат и со рака. Веќе втор ден како никој од оние кои ги користат бандерите не интервенирал на терен за да ги обезебеди и врати во првобитната состојба. {loadposition content9}
„Комуналец“ го средува стариот дел на Охрид
Post Views: 7 Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведe акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„. Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м3 отпад . Овие вонредни активности „Комуналец“ ги спроведе по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.{loadposition content9}