Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Општина Охрид ќе имплементира најсовремен општински информационен систем

Post Views: 4 Во насока на подобрување на ефикасноста во работењето на општина Охрид, по претходни подготовки, денес започнаа активности за имплементацијата на најсовремен, интегриран општински информационен систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот е информатичко софтверската фирма “Ентер“ од Охрид.Со воведување на овој најсовремен софтверски систем во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и...

Продолжи со читање

На ред дојдоа и потпорните ѕидови кај Канео

Post Views: 6 Во рамки на неодамна започнатите активности за средување на населбата Канео и делот што води кон црквата “Св. Јован- Канео” ,Јавното претпријатие “Градски гробишта“  започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови кои се опасност за минувачите а  ќе се подигнат и нови. На овој простор се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери со што ќе се добие уредена патека што води кон црквата посветена на “Св. Јован-Канео”. Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хорти културно ќе се...

Продолжи со читање

Санација на улиците низ охридски „Варош“

Post Views: 6 По средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата,  охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“ започнаа акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот. Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се преуредуваат коцките од калдрмата таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата...

Продолжи со читање

Павел Тасков од УИНТ „Св. Апостол Павле“ најдобар на „Робомак“

Post Views: 5 Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -„Робомак“.„Робомак“е интернационален натпревар по програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле.„Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка и Роботска Рака. Секоја категорија си имаше посебна задача и различна технологија која...

Продолжи со читање

Унапредување на соработката помеѓу СВР и НВО од струга и Охрид

Post Views: 5 Утре во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе се потпише договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и унапредување на соработката со Секторот за внатрешни работи Охрид. Целта е проширување на соработката со локалната полиција и изразување заедничка заложба за поддршка на СВР Охрид во справувањето со различните безбедносни проблеми што е во интерес на граѓаните во регионот и манифестација на партнерство во зголемување на степенот на безбедност. Оваа активност е во организиција  на МВР-РМ и мисијата на ОБСЕ во РМ.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Читањето и математиката се забавни“

Post Views: 5 На 14 март 2014 год. со почеток во 10:30 часот, тимот на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ заедно со актерите Јулијана Стефанова и Петар Горко ќе го посетат ОУ „Григор Прличев“ – Охрид како дел од Читачкиот караван на проектот и ќе одржат заедничка активност со најмладите ученици под наслов „Читањето и математиката се забавни“. Читачкиот караван и Читањето и математиката се забавни се дел од активностите кои Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ започна да ги спроведува во одбрани основни училишта со цел да претстави забавен начин на изучување мајчин...

Продолжи со читање

Започна издавањето дозволи за рекреативен риболов

Post Views: 5 Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија  и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“.За риболов без дозвола,  казните се...

Продолжи со читање

Се сеќавате ли?

Post Views: 2 Онa што некогаш ни претставуваше најкористено средство за комуникација,  денес се само стари кутии кои тук таму можеме да ги најдеме на некој заборавен агол од градот. Одамна како сите да ги имаме заборавено јавните телефонски говорници.Сега телефоните ги носиме со себе, напредокот на мобилната телефонија и интернетот направија  да ги заборавиме навиките за користење на овие комуникациски средства или едноставно тие ја надживеаја својата корисност.Сега неможе  да се види како некој телефонира од говорница, бидејќи малку веројатно дека во Охрид има функционална јавна...

Продолжи со читање