Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 9 Од вечерва на кино-репортоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажува анимираниот филм „Големата мечка“. Оваа анимирана авантура ќе се прикажува и на 12-ти и на 15-ти март.Почеток на проекциите е во 19.00 часот, а влезот е 50 денари.Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ велат дека овој месец ќе биде месец на киното во Охрид, па така покрај анимираниот „Големата мечка“, на репертоарот во Центарот за култура се и филмовите „Сината боја е најтопла“ и „Убавицата и ѕверот“. Сите три филма гледачите ќе може да ги проследат по промотивна цена од 50...
Вторник повторно седница на Советот на Општината, ќе се поставуваат советнички прашања
Post Views: 3 Овој вторник 18-ти март, советнички прашања на дневен ред на 21-та седница на Советот на општина Охрид. Седницата започнува во 12 часот.Инаку ова е втор пат откако советот на општината заседава во овој состав, советниците да може да поставуваат прашања, до Градоначалникот Никола Бакрачески и општинската власт.{loadposition content9}
Пратеникот Александар Николоски работно во Дебрца
Post Views: 5 Во посета на општина Дебарца деновиве престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред еден ипол месец. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба е во одлична динамика и дека имаат изградено една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени...
Дел од “езерските“ села и населби денес без струја
Post Views: 7 Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 12-ти март, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку охридски села и населби долж брегот на Охридското Езеро.Имено, во периодот од 09:30 до 16:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе биде еден дел од туристичката населба „Лагадин“, од 12 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Трпејца, Љубаншта, комплексот „Св. Наум“, воениот камп, и населбата со викенд куќи во Љубаништа .Во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе биде и дел од селото Горно...
Скршено сферното огледало на ул.„Марко Нестороски“
Post Views: 1 За зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“.Поставувањето на овие огледала иако даваше позитивни повратни резултати и во голема мера ги намали сообраќајните незгоди на тие точки бидејќи обликот на огледалата придонесува да се зголеми прегледноста при сообраќање на раскрсницата. Во очекување на замена...
Привршува изградбата на мини плоштадот во „Влашка маала“
Post Views: 4 Аголот на пресекот на ул „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ полека го добива својот нов лик. Екипите на ЈП „Градски Гробишта“ , по налог на Фондот за комунален развој активно работат на терен, па така со поставување на 80 м квадратни бекатон плочки, 70 м квадратни бетонски плочки од сопствено производство, 50 м кубни тампон и 100 м ивичњаци, ќе се разубави и ова катче од градот.Жителите од „Влашка маала“ од Охрид,наскоро ќе го добијат убаво среден мини плоштад, со клупи, фонтана, а истиот ќе биде и холтикултурно уреден.{loadposition content9}
Субвенции за приватните станоиздавачи од мал обем кои редовно ја плаќаат туристичката такса
Post Views: 5 Оваа програмска активност предвидува субвенционирање на регистрирани и категоризирани станоиздавачи од мал обем, кои согласно законските регулативи редовно ги подмируваат обврските за исплата на Туристичка Такса. Субвенционирањето би се реализирало на полугодишна основа, по евидентирање на уплатената туристичка такса од страна на приватниот станоиздавач, а во период од 6 месеци. На овој начин, приватните станоиздавачи би биле охрабрени за редовно и навремено плаќање на туристичката такса, со што се очекува зголемување на уплатата на туристичката такса, како и...
„Охридски комуналец“ го средува зеленилото на ул. „Марко Цепенков“
Post Views: 6 Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ по налог на општинскиот инспекторат ја санира пешачката патека по улицата „ Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улицата „ Питу Гули“ до месноста „ Стобекс“. Отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и видливоста на сообраќајните знаци.Во одржувањето на зеленилото по јавно- прометните површини Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се сретнува со проблеми кои произлегуваат од одржувањето на оградите, дрвјата и...