Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 3 По повод одбележувањето на 8- ми март- Меѓународниот ден на жената, хорот „ Распеано герданче“ ќе одржи свечен концертот.Концертот ќе се одржи во сабота, на 8- ми март, на градскиот плоштад пред споменикот на „ Св. Климент Охридски“ со почеток во 12 часот и 30 минути. Малите хористи ќе исполнат неколку песнички посветени на мајката, а напишани од авторите Баркоски, Џамбазов и Димов. Децата предпразнично упатуваат искрени пораки до нивните и до останатите мајки со благодарност за се што сториле за нив.{loadposition content9}
Српската полиција го уапси охриѓанецот кој минатата година издрогира скопска брачна двојка
Post Views: 5 „38-годишниот охриѓанец кој минатата година издрогира брачен пар од Скопје приведен од страна на српската полиција во Врњачка Бања. Имено, полицијата во Србија го уапсила заради кражба на техничка стока од бугарски државјанин, но за тоа е информирано и македонското МВР кое трага по него цели осум месеци“, информираат локалните електорнски медиуми.Само за потсетување, осомничениот во јуни минатата година поставил оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапил во контакт со брачен пар...
Доделена паричната помош за бебињата родени во јануари во Охрид
Post Views: 9 Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид во месец февруари на 15 мајки чии деца се родени во месец јануари годинава, трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош.Финансиската поддршка на локалната самоуправа е во насока на стимулирање на наталитетот и во неа се опфатени новороденчиња кои што се родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница – Охрид чии родители...
Комплетна еколошка документација до крај на овој месец
Post Views: 5 Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.Но оние кои немаат комплетна еколошка документација имаат се уште време до крајот на месецот да ја завршат процедурата, ако не сакаат да се соочат со законските санкции.Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за...
Се уредува Булеварот „Туристичка“
Post Views: 6 Во текот на оваа работна недела екипите на Работната единица „Паркови и Зеленило“, при ЈП „Охридски Комуналец“, вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“. Во овие тековни активности на претпријатието, оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси и хортикултурно уредува,тревниот дел вдолж оваа сообраќајница на потегот од крстосницата кај „Градскиот пазар“ до месноста „Петља“.{loadposition content9}
ЈП „Охридски Комуналец“ го чисти муљот од градскиот кеј
Post Views: 5 По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк).Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини муљ, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м3 муљ и друг вид отпад. Оваа активност ја спроведуваме согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.{loadposition content9}
Комплексот Св.Наум денес без струја
Post Views: 9 „ЕВН Македонија“, информира дека денеска, 6-ти март, во периодот од 07:30 до 18:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во манастирскиот комплекс „Св. Наум“, исто така прекин со снабдувањето ќе има и во ресторанот „Острово“ како и во хотелот „Маркони“.Од ЕВН Македонија потенцираат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е тековната реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион.{loadposition content9}
ЛДА од Струга го реализира проектот, „Сино и зелено наспроти црно и сиво“
Post Views: 5 По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво”.Од ЛАР велат дека трошиме речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите...