Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

svr Ohrid

Двајца кичевчани „оперирале“ низ Охрид

Post Views: 69Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „Кражба“ и „Тешка кражба“ СВР Охрид  поднесе две кривична пријава против А.Ф. (27), Б.Р. (27) двајцата од Охрид како и А.Е. (19) и Е.Б.(37) двајцата од Кичево.Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна машина...

Продолжи со читање

biblioteka

Ново збогатување на книжниот фонд на охридската библиотека

Post Views: 66Наскоро корисниците на услугите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе имаат можност да ги изнајмуваат книгите „Ромски фолклор”, „Етнички и културни карактеристики на ромите” и ,,Граматика на ромскиот јазик” од д-р Трајко Петровски – научен советник во Институтот за фолклор од Скопје.Покрај овие наслови, Библиотеката го збогати фондот со повеќе нови книги: „Септемвриски светлини” – Карлос Руиз Зафон, „Љубовникот на куртизаната” – Габриела Ким, „На бал со кралот” – Розалинд Лејкер, „Допирот на...

Продолжи со читање

deca

Охридската градинка „Jасна Ристеска“ воведува скратена програма

Post Views: 62Поради големиот интерес за згрижување на најмладите охриѓанчиња, охридската градинка „Јасна Ристеска“ од 15- ти март ќе отпочне со примена на скратена програма, секој ден од 9 – 12 часот. Од градинката информираат дека децата кои ќе се опфатени со скратената програма ќе ги следат само воспитно – образовните активности во воспитните групи,без оброци.Програмата ги опфаќа децата од 3 – 6 годишна возраст.Заинтересираните родители да се јават во Управата на градинката, во објектот ,, Централна’’ или на телефон 046 – 231 – 645.Повеќе информации во денешното издание на Дневникот на...

Продолжи со читање

volonteri

Волонтерите од Црвен Крст, повторно во акција

Post Views: 70Понекогаш е доволно човек само да даде мал поттик, да им посочи на луѓето каде и кога да се обратат. Така , младите волонтери на Црвен крст од Охрид, вклучени во ЦКА-ПХВ програмата, со поддршка од нивниот дисеминатор, неодамна успешно завршија еден од проектите. Усреќија едно четворочлено семејство. Станува збор за социјално загрозено семејство од Лескоец со 2 малолетни девојчиња. Станува збор за семејство во кое двајцата родители се невработени, а едното девојче има здравствени проблеми, односно поради немање средства веќе 2 години не извршило офталмолошки преглед, плашејќи...

Продолжи со читање

mso

МСО со работилница за позитивните вредности кај учениците

Post Views: 56Младински Совет Охрид, продолжувајки со реализација на програмата за промоција на позитивни вредности, реализираше работилница на тема,„Креирање на позитивни вредности“.Во оваа фаза реализирана е работилница за хетерогена група од 35 ученици, на возраст од 14 години, од сите основни училишта во Охрид, Лескоец, Велгошти и Пештани.Целта на оваа креативна работилница беше да се излистаат позитивните вредности кои на учениците би им дале насока за правилно функционирање и развој на нивната личност. Преку активности за истакнување на она што им е најзначајно во животот како...

Продолжи со читање

iznuda

Охриѓанец заработи кривична пријава за изнуда

Post Views: 68Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.Пријавениот, на 25-ти минатиот месец, околу 21.20 часот на улицата „Македонски просветители“ пресретнал сограѓанин и со рака го удрил во пределот на лицето, нанесувајќи му црвенило и лесни повреди. При тоа, му упатил сериозна закана, барајќи му 1000 евра или замена за месо и пијалоци во износ од 2000 евра. Потоа повторно го  удрил со рака заканувајќи му се настанот да не го пријавува во полиција.Пријавениот е лице познато на службата против кого...

Продолжи со читање

teatar

Што се случува во „Охридскиот народен театар“?

Post Views: 67Веќе два месеци од новата 2014-та година, без претстава во Охридскиот театар. Не само што охридската публика не виде ниту една од најавените премиери, туку веќе неколку месеци не се прикажуваат ни репризни изданија на претставите од репертоарот.Мината година охридската театарска сезона наместо домашните актери ја отворија велешките од театар Џинот, со претставата „Ноќите во бел сатен“Повеќе информации, проследете во денешеното издание на Дневникот на „ТВМ“ Телевизија. Во 17, часот.{loadposition content9}

Продолжи со читање

logo

Без подмирени обврски, нема локација за урбана опрема

Post Views: 62Од локалната самоуправа ги известуваат сите корисници на простор на кој имаат поставено урбана опрема, а кои не ги подмириле обврските за 2013 година, истото да го сторат најдоцна до четврток 06.03.2013 година.Оттаму додадаат дека во спротивно, ќе бидат активирани издадените прекршочни пријави, а предметните локации нема да се земаат предвид при изработката на Програмата за поставување на урбана опрема за 2014 година.{loadposition content9}

Продолжи со читање