Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 6 Денес во просториите на Црвениот крст од охрид ќе продолжи реализацијата на обуката на малдите волонтери за штетноста од консумирање алкохол и начините за превенција на алкохолизмот особено кај малдите луѓе.Обуките ќе ги врши Г-дин Владимир Панзов, Претседател на Здружението на апстиненти „Здрав живот“ од скопје. Инаку обуките започнаа на 13-ти февруари 2014 та година, а имаат за цел да го подигнат нивото на знаења кај маладите волонтери од Црвениот крст за алкохолот како порок и зависност, кои пак своите знаења понатака ќе ги шират помеѓу своите врсници. Дел од...
Средба на Локалната со угостителите во врска поставување на урбана опрема во Охрид
Post Views: 4 Согласно програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид на ден 20.02.2014 год. со почеток во 15: 00 часот во малата сала на општина Охрид ќе се одржи работен состанок за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти.Состанокот ќе има единствена точка на дневен ред:1. 1. Утврдување на измените на правилникот и ценовникот за поставување на урбана опрема и начинот за утврдување на површината за користење на урбаната опрема. Повеќе инофрмации во дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00.{loadposition content9}
Охридските потрошувачи најмногу се жалат на мобилните оператори
Post Views: 8 Од што најмногу не се заодоволни охридските потрошувачи? Работата на мобилните оператори, но и продажбата на техничка роба им задаа најмногу главоболки на охриѓани.Ова се само првичните информации кои доаѓаат од Ѓорѓи Бошалески раководителот на пазарната инспекција. Оттаму продолжуваат со редовните контроли, а според зборовите на Бошалески, охридските потрошувачи до нив најмногу се пожалиле токму во врска проблемите со мобилните оператори и продавниците на техничка роба.Повеќе за овој проблем информирајте се во првото издание на ТВМ „Телевизија“.{loadposition content9}
Дали е сеуште затворен ресторанот кој работи во состав на Градските гробишта во Охрид?
Post Views: 10 Кон крајот на месец јануари, беше затворен ресторанот кој функционира во рамките на ЈП „Градски гробишта“.Првиот човек на ЈП „Градски гробишта“ Зоран Симоноски за некои од медиумите наведе дека причината за неговото затварање е истекувањето на договорот за закуп кој го склучила фирмата која до сега го стопанисуваше овој објект. Тој додаде дека станува збор за објект кој е во незавидна состојба, објект кој има потреба од реновирање, па така се разгледува можноста идниот закупувач во договорот да се обврзе да го реновира објектот.Повеќе информации за овој проблем,...
Дел од селото Лескоец, денес еден час без струја
Post Views: 6 Поради реализарање на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија, денес дел од селото Лескоец ќе остане без електрична енергија во траење од еден час. Од „ ЕВН“ Македонија информираат дека прекинот ќе биде во траење од еден час и тоа од во периодот од 10-11 часот, а без електрична енергија во овој период ќе бидат жителите од Лескоец кои живеат во делот кој води накај варниците.{loadposition content9}
За поздраво срце, планинарење на Галичица
Post Views: 4 Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној.Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како...
Што ја загадува охридската река Сушица?
Post Views: 12 Група граѓани од населбата „Црногорци“ реагираа до редакцијата на ТВМ Tелевизија, во врска еколошки проблем, кој се однесува на загадувањето на реката Сушица. Велат дека во близина на амбулантата, голема канализациона цевка се влива во реката, истата ја загадува, а по течението на реката се шири и непријатна миризба. Загрижените граѓани во дописот до нашата редакција, информираат дека реагирале до инспекциските служби во локалната самоуправа, од каде излегле на терен и востановиле дека водата е хемиски и микробиолошки загадена и тоа од погоните на А.Д. „АМАКС“....
Трската повторно мета на потпалувачи
Post Views: 5 Во пожар што се случи претладнево во населбата „Радојца Новичиќ“ изгоре трска. Командирот на Охридската територијална противпожарна единица Спасе Прентоски за ТВМ кажа дека трската во овој дел на градот, секоја година е мета на потпалувачи. Тој апелира до граѓаните да не ја палат трската и да се внимава за да не дојде до поголеми последици. На местото на настанот веднаш се упатило возило на охридската територијална противпожарна единица, а потоа и уште едно возило за дотур на вода. Како резултат на брзата и навремена реакција на охридската противпожарна единица...