Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

boenje

Креативноста во функција на хуманизмот

Post Views: 17     Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“  како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста. Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“.Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на...

Продолжи со читање

primopredavanje

Општина Охрид стана сопственик на објектите од стрелиштето Мауцкер

Post Views: 25 Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски официјално им ги предаде објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер на Општина Охрид. Од страна на Државниот секретар Стефаноски, симболично беа предадени клучевите од објектите како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која овие објекти преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид. “Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949. 789 илјади метри квадратни кои што согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во...

Продолжи со читање

logo

Решен проблемот во подрачното училиште во село Рача

Post Views: 23 Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми.Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски  наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште. Проблемот  беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на...

Продолжи со читање

raspored

Вечерва во Охрид, започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“

Post Views: 19 Вечерва во спортската сала „Биљанини извори“ во охрид започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“.Со одлука на Кошаркарската федерација на Македонија, спортската арена „Биљанини извори“ од 6-ти до 9-ти февруари ќе биде домаќин на овој извонреден спортски настан за сите љубители на кошарката.{loadposition content9}

Продолжи со читање

drvce

На кого му пречат младите дрвца на улицата „Марко Цепенков“?

Post Views: 21 Повеќе од една година Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, систематски се уништуваат од страна на вандалите и покрај напорите кои Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги прави за зазеленување на тротоарите од оваа многу прометна улица. Службите на Комуналец, во неколку наврати ги обновуваа искршените садници, но повторно на самиот почеток од годинава, 5-6 стебла беа искршени. Оние садници кои успеаа да ја преживеат претераната „грижа“ на вандалите, беа дополнително фиксирани за потпорни дрвени столбови. Но, по се изгледа и тоа не беше доволно за спас на младите садници....

Продолжи со читање

zgrada

Кривична пријава за извршител од Охрид

Post Views: 24 Нови моменти од случајот со петте станови на ул.„Карпош Војвода“ кои се заглавени во имотно правен спор, кој се води помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник.Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување “СВР Охрид против лицето Д.Ф. (58), извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, поднесе кривична пријава.   Пријавениот, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на...

Продолжи со читање

bilbord

УJП заплени дел од билбордите во Охрид?

Post Views: 25 На неколку билборди поставени на нај фрекфентните локации низ нашиот град веќе извесно време стојат налепници од Упрата за јавни приходи, на кои е наведено дека билбордите се запленети.Иако веќе извесен период на некои од билбордите и воопшто не беше поставен било каков рекламен материјал, сепак има и такви на кои веќе има нова реклама. Станува збор за билборди на „Лазов“ групацијата или веќе ребрендираната „Еуролинија“ , но ова претставува дополнителна забуна бидејќи на некои од билбордите се наведени контактите и логата и со стариот и со новиот...

Продолжи со читање

лого

Ж.Ц. „Бисера“ со поддршка за иницијативите кои се во интерес на жената и семејството

Post Views: 27 Женски Центар „Бисера“ ја поддржува иницијативата за потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу локалната самоуправа и Општата болница, за доделување паричен надоместок за секое новородено бебе, како стимулација за зголемување на наталитетот во Охрид и Македонија.Од Женскиот Центар „Бисера“ информираат дека во нивната годишна програма се планирани активности за подигање на свеста кај младите за пораст на повеќедетни семејства.Додаваат дека ги поздравуваат сите иницијативи кои се во интерес на жената и семејството, како основна клетка на...

Продолжи со читање