Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 71Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа.„Моја лична желба и определба, а и определба на сегашниот...
Во прекин осветлувањето на дел од регионалниот пат Охрид – Свети Наум
Post Views: 74Осветлувањето на дел од регионалниот пат А3, Охрид -Св. Наум, речиси еден месец во прекин, реагираат граѓаните, кои живеат во пригратските населби на Охридското езеро. Велат дека делот на оваа сообраќајница и тоа од „Хидробиолошкиот институт“ па се до клучката кај хотелот „Инекс Горица“, е во целосен мрак. Опасноста е дотолку поголема, бидејќи станува збор за дел од сообраќајницата на која во минатото се случувале голем број сообраќајни незгоди. За објаснување се обративме до Јавното претпријатие „Државни патишта“.Кирил Каркалашев помошник раководител на Секторот за...
Возниот парк на СВР – Охрид збогатен за десет нови полициски возила
Post Views: 65Десет нови возила и за потребите на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар. Во Охрид ќе останат пет возила за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности. Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите за звучна и...
Биосферниот резерват Охрид -Преспа како значајна туристичка дестинација
Post Views: 114Под капата на УНЕСКО, Охридско-Преспанскиот регион како биосферен резерват, би можел да стане примамлив туристички производ на светскиот туристички пазар. Тимот кој работеше на изготвување на Номинацијата за прогласување на Прекуграничен биосферен резерват на Охрид и Преспа под УНЕСКО, неодамна ја испрати Номинационата форма до седиштето на УНЕСКО во Париз. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро, кој беше дел од тимот, истакна дека ова е голема шанса да зајакнат сите локални економии во регионот, а од тоа најголема корист ќе имаат...
Прес контејнерите ќе одат под земја
Post Views: 74Прес контејнерите кои беа поставени на таканаречените зелени острови и тоа на улицата „Богомилска“ и во населбата „Христо Узунов“, наскоро ќе одат под земја, ова го најавуваат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“. Зелените острови и прес контејнерите кои пред две години Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги постави на две локации во нашиов град и тоа како ја оправдуваат својата функција. Жителите од населбата „Христо Узунов“ каде е поставен едниот прес контејнер на т.н зелен остров, по се изгледа стекнаа навика за користење на овие контејнери и се презадоволни од тоа како...
Еколошката свест се формира од најрана возраст
Post Views: 66Во таа насока Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“во школските дворови на осум основни училишта од градов, од утре ќе започне со поставување на по три контејнери за селекција на отпад. Осум основни училишта од нашиов град од утре веќе ќе може да се пофалат дека вршат селекција на својот отпад. Ј.П.Охридски Комуналец во соработка со фирмата “Пакомак” -Скопје, на овие образовни институции ќе им подели по три контејнери во кои учениците ќе може самите да ја прават селекцијата. Елена Скрческа В.Д. Директорот на Ј.П. „Комуналец“ вели дека на овој начин нашата најмлада...
Туристички аранжмани: едно се продава, сосема друго купуваме
Post Views: 75Кога станува збор за планирањето на нашите годишни одмори патувањето надвор од земјата секогаш треба да претставува задоволство. Но за жал, не е секогаш така. Често пати се случувало на граѓаните едно да им се нуди како туристички производ, а да добијат нешто сосема друго, ситуација која последниве години со појавата на голем број туристички агенции некако ни станува пракса. Маријана Лончар Велкова , претседателот на „ОПМ“, вели дека проблемите на кои потрошувачите најмногу се пожалиле оваа летна туристичка сезона не се ништо поразлични од минатите години, а на прво место...
Асистентите од УИНТ „Св.Апостол Павле“ со мобилна апликација за ФФМ
Post Views: 76Дијана Цапеска Богатиноска, единствената дама во тимот од универзитот Св. Апостол Павле кој работеше на креирањето на апликацијата и веб страната, истакна дека на апликацијата работеле повеќе од два месеци, истата е тестирана и иако во демо фаза, веќе активно се користи два месеци на сите фудбалски натпревари кои се играат во Македонија. Таа објасни што ќе значи оваа ај-ти алатка за интерна употреба за делегатите во ФФМ.„Соработката помеѓу универзитетот „Св.Апостол Павле“ и ФФМ започна со потпишување на еден меморандум на соработка, па првиот заеднички проект се состои од...






