Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 77Охридските советници иако ќе треба да почекаат на новите лаптоп компјутери до наредната седница, сепак и без нив единаесеттото издание на седницата на советот, помина во вжештена атмосфера. Дневниот ред од 85 точки беше за десет точки намален на барање на секретарот на Општината Димитар Спасески, a бурна дискусија се разви уште на самиот старт од седницата по првата точка која се однесуваше на давање согласност на Одлуката за утврдување висина на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Вршителот на должност директор на ЈП Градски Гробишта, Зоран...
Се намалува стапката на невработеност во Охрид, но и на ниво на држава
Post Views: 81Моментално во нашата општина евидентирани се вкупно 7000 невработени лица, од кои 3000 се лица кои активно бараат работа, велат податоците од Центарот за вработување од Охрид. Во споредба со податоците од 2007 година, кога бројот на невработените изнесувал 12.500, може да се забележи негово драстично намалување. Една од причините за ваквата слика се активните програми и мерки кои ги спорведувaат Министерството за Труд и Социјална Политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, а посебно поволностите кои работодавачите ги имаат при вработување нови лица и...
Најавените археолошки истражувања во „Љубанишко поле“ нема да значат одлагање на проектот на Субрата
Post Views: 77Наскоро треба да започнат археолошки истражувања во „Љубанишко поле“. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, моментално работат на чистење и обележување на теренот. Директорот на Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска не информира дека сеуште се чека од Министерството за култура да одобрат средста а дури потоа да се обезбеди дозвола од Заводот за заштита на спомениците на културата за археолошки истражувања. Бунташеска додава дека за да се направат заштитно конзерваторски основи, неопходно е двата евидентирани локалитети Раица Манастириште и црквата...
Конечно градската сообраќајница „АСНОМ“ ќе добие тротоари
Post Views: 81Делот на една од најферкфентните, а со тоа и најопасните сообраќајници во нашиот град, улицата „АСНОМ“, наскоро ќе го добие долгоочекуваниот тротоар. Локалната самоуправа е свесна за овој проблем и за фрекфентноста на оваа улица, односно за брзината на моторните возила кои се движат на неа, со што посебно се загрозени пешаците и влеосипедистите. Портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека со спроведување на инфраструктурните зафати кои веќе се во тек, во голема мерка ќе се зголеми безбедноста за овие учесници во сообраќајот и ќе се реши еден долгогодишен сообраќаен...
Колку влијаат личните ставови на полицаецот врз нeговиот професионализам?
Post Views: 72Кога знаеме дека полициските овластувања траат 24 часа на ден, а огромен е и бројот на ситуации кога полицаецот треба да донесе одлука за многу кратко време не ретки се случите кога доаѓа до конфликт помеѓу неговиот личен став и неговата професионалност. Гордана Јанкуловска Министерката за внатрешни работи на РМ истакна дека во таквите случаи на сила стапуваат законските и морални рамки во кои правата на одговорното лице и неговиот личен избор нема да дојдат во конфликт со она што е приоритет на државата во даден момент.„Бидејќи полициските службеници речиси без исклучок...
Изложбата „Убавините на љубовта“ пред охриѓани
Post Views: 62Изложбата на слики, скулптури и графики, насловена како „Убавините на љубовта“, која пак е дел од интернационалниот ликовен караван „Сета таа убавина“, од денес, па во наредните две недели ќе биде поставена во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Интересно е да се напомене дека оваа изложба покрај во Охрид, гостува низ повеќе градови од нашата држава, но и пошироко во светот. Љубителите на сликарството, ќе имаат можност да уживаат во убавините на делата на Рубенс Корубин, Васко Ташковски, Ристе Пуцоски, Петар Мазев, Димитар Кондевски од Македонија,...
Дмитри Хворостовски вистинскиот избор за „Охридско лето“
Post Views: 70Сибирскиот баритон Дмитри Хворостовски го отвора овогоиднешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Човекот кој првите музички чекори ги направил свирејќи во еден хеви метал бенд и би одбил 1 милион долари да и се врати на поп музиката, па таа понуда да доаѓа и од Мадона, пристигна во Охрид. Заедно со својот син Максим, а во придружба на диригентот и негов личен пријател Константин Орбелиан, не го криеше задоволството што ќе биде дел од свечената церемонија на оваа реномирана музичко-сценска манифестација.„Многу сум среќен поради тоа што збороувам не само во свое име туку...
Охридските ротаријанци во Норвешка
Post Views: 66Младите охридски ротаријанци во посета на Норвешка. Претставниците на „Ротаракт клубот“ од Охрид заедно со други учесници од балканските земји и студенти од САД, во Лилехамер, учествуваа на летна дијалог академија, организирана од Стајнер Брун во неговата “Нансен Академија”. Инаку Стајнер Брун заедно со неговата академија во 2009 година беше номиниран за Нобелова награда за мир. Станува збор за семинари и средби помеѓу луѓето од поствоените балкански територи на кои тие може директно да се соочат, со единствена цел – да се воспостави дијалог преку кој секој ќе може...







