Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 76На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата на патните трошоци за превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа кои...
Армијата на Република Македонија, поблиску до охриѓани
Post Views: 84Армијата на Република синоќа барем за момент беше поблиску и до Охриѓани. Станува збор за реализација на само еден дел од проектот „ АРМ поблиску до граѓаните“, преку кој Министерството за одбрана и АРМ ќе се обидат преку музиката на воениот оркестар на АРМ, како и демонстрациите на методско-показни вежби на Градискиот батаљон, да се доближат до цивилното население. Самиот настан започна со дефиле по Охридската чаршија, на воодушевување на охриѓани и големиот број туристи, за да продолжи на Плоштадот „Крушевска република“, со едночасовен концерт. Покрај изведбата на дела од...
Дванаесетто издание на натпреварот „Охридски бисери
Post Views: 84Прекрасен завршен концерт на натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ 2013. Ова негово дванаесетто издание, веќе може да се носи рамо до рамо со ваквите натпревари кои се организираат на европско ниво велат музичките работници.Повеќе од деведесет млади музичари од најразлични земји, на дванаесеттото издание на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. Некои од првонаградените млади музичари задоволни од организацијата и атмосферата на натреварот, но и видно возбудени поради постигнатиот успех.„Јас доаѓам од...
Трагите на скулпторот Милатовиќ, пред охридската публика
Post Views: 74Трагите на црногорскиот скулптор Сретен Милатовиќ, од синоќа, пред охридските љубители на уметноста. Овој истакнат црногорски пост-модернист, кој за прв пат самостојно се претставува пред македонската публика, е роден во Никшиќ во 1966-та година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Сараево, во каласата на професорот Алија Кучукалиќ, а моментално работи како доцент на Академијата за ликовни уметности од Требиње. За неговата изложба, насловена како „Траги“, вели дека е израз на суптилноста на неговото лично искуство од животот и природата.„Тоа се едни објекти, мои...
Нерегистрираните станоиздавачи, најголемите непријатели на охридскиот туризам
Post Views: 81Иако во Охрид постојат околу 2000 регистрирани станоиздавачи, сеуште огромен е бројот на викенд становите, кои што во текот на годината се напуштени, не се одржуваат, но функционираат два или три месеци за време на летната сезона и со тоа стануваат нелегална конкуренција за сите оние кои што регуларно се занимаваат со туристичка дејност. Штетата која од ова ја трпи туризмот како главната стопанска дејност во нашиов град, е огромна.Во Законот за такса за привремен престој, децидно е наведено дека од плаќање на туристичка такса ослободен е сопственикот на сместувачкиот...
Првата „Бела ноќ“ Охрид ќе ја доживее на 6-ти јули
Post Views: 72Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона.„На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна и се...
Националните паркови на Динаридите еден туристички бренд
Post Views: 83Еден од најголемите кањони во светот, најстарата и најголемата прашума во Европа, ливадата која има повеќе видови орхидеи отколку што ги има целото Обединето Кралство, најголемата подземна јама во светот, најголемата и најдолга клисура во Европа, се самo некои од тајните кои ги крие регионот на Динарската верига! Преку иницијативата “Парковите на Динарската верига“ спроведена од страна на Cветската организација за заштита на природата, и националниот парк „Галичица“ ќе пронајде патот кон одржливиот туризам. Дени Пореј извршен директор на WWF , објаснува дека...
Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот
Post Views: 84Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација „Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат според...







