Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 11 Фирмата „Сузуки-МТ“ и ракводителката на ова правно лице заработија кривични пријави од СВР Охрид. Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид, информира дека пријавите се поднесени во врска основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Димоски додава дека само во текот на вчерашниот ден до СВР-Охрид поднесени се околу дваесеттина жалби и поплаки на граѓани за наплата на паркинг места, кои со одлука на Општина Охрид веќе не претставуваат паркинзи под концесија на правното лице „Сузуки-МТ“.„Оваа одлука односно известување на Градоначалникот на...
ЕУ интеграциите гарант за безбедноста на Македонија
Post Views: 9 Во моментов, реална безбедносна закана за нашата држава не постои, но експертите велат дека значаен проблем е можноста за одолговлекување на стабилизацијските процеси. Се поставува прашањето, што тогаш значат европските интеграции од аспект на безбедноста за нашата земја? ЕУ несомнено претставува еден гарант за безбедноста, вели Проф.Никола Дујовски од Факултет за безбедност од Скопје.„Постои еден сигурен гарант внатре во механизмите на унијата од различни внатрешни конфликти или од закани однадвор и затоа е доборо што побрзо да ги завршиме што е можно побрзо сите...
„Сузуки-МТ“: имаме валидни договори за закуп на паркинзите во Охрид
Post Views: 7 За Локалната договорот за закуп на паркинзите е раскинат, но очигледно не и за другата договорна страна. Од „Сузуки – МТ“, се пожалија пред медиумите дека и покрај тоа што имале валидни договори, полицијата ги легитимирала вработените кои наплаќаат паркинг, а денеска две лица биле спроведени во СВР Охрид какошто велат од „Сузуки“ само поради тоа што вршеле наплата.„Секојдневно се врши идентификација и легитимирање на вработените лица на паркинг просторот од страна на полицијата, во еден наврат е извршено и фотографирање на сите вработени затекнати на лице место,...
Доделени дипломи на дечињата од охридските градинки
Post Views: 11 На сега веќе традиционалната свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, идните првачиња се збогуваа со своите воспитувачки и се подготвени да го продолжат образовниот процес. Дружењето во градинка заскогаш останува во нашите сеќавања. Сите ние кои сме биле во градинка се сеќаваме на воспитувачките или барем на еден од нашите другари со кои сме го поминале тој дел од нашето детство. На денешната традиционална свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“ на дечињата од охридските градинки им беа доделени првите дипломи, со фотографии и имиња на своите...
Градинката „Јасна Ристеска“ кубури со кадар
Post Views: 8 Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ...
Охриѓани бараат било каква работа, но посакуваат соодветна на нивното образование
Post Views: 14 Решавањето на проблемот со невработеноста најважно за охриѓани. Имајќи предвид дека се потешко се наоѓа работа, нашите сограѓани велат дека не пребираат работа, но посакуваат таа да биде соодветна на нивното образование.Со воведувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои стапија на сила во втората половина на декември 2012-та година, се спроведе регистрацијата на лицата кои активно бараат работа. Иако со ова бројот на невработенит лица се преполови, сепак моментално во Охрид фигурираат пет илјади лица кои активно...
Проблемот со педофилијата е двостран проблем
Post Views: 6 Децата имаат право да живеат во безбедна и заштитничка околина, бидејќи од тоа зависи нивниот понатамошен развој и социјализација. Се поголемиот број на случаи на педофилија во Македонија ја издигнаа на површина оваа девијантна појава која сигурно постоела и во минато, само што не се зборувало за неа, бидејќи била третирана како срамна, табу тема за споделување со јавноста. Претставниците на НВО велат дека сега, кога се бара педофилите да се осудуваат со најголеми затворски казни и јавно да се обелоденуваат нивните имиња на интернет сајтовите, сме чекор напред во...
Очекувањата на охриѓани од новиот градоначалник и локалната самоуправа
Post Views: 10 Без разлика која политичка опција раководи со Локалната самоуправа, проблемите од комуналната сфера најмногу ги мачат охриѓани. Иако голем број од проблемите се започнати со решавање, за некои дури е изнајдена солуција, но факт е дека сеуште голем број, чекаат на решение. А целта на овој прилог не е да осудуваме, критикуваме, ниту да глорифицираме, туку едноставно да слушнеме, што нашите сограѓани очекуваат и бараат од новиот градоначалник и службите на локалната. Подобрување на состојбата на градските сообраќајници, функционални канализациони системи и...